Фидан: Продолжувањето на прекинот на огнот во Газа клучно за опстанокот на Палестинците и за стабилноста на регионот

January 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, ја истакна важноста на продолжувањето на прекинот на огнот во Газа за продолжување на регионалната стабилност, јавува Анадолу.

Фидан денес во Анкара одржа заедничка прес-конференција со шведската колешка Марија Малмер Стенергард, на која, покрај останатите теми, се осврна и на долгоочекуваниот прекин на огнот во Газа, кој започна во неделата.

„Продолжувањето на прекинот на огнот (во Газа е важно). Тоа е клучно и за опстанокот на 2 милиони Палестинци кои се држат како заложници таму и за продолжување на регионалната стабилност“, рече тој.

Шведската министерка Стенергард на прес-конференцијата од своја страна порача дека Шведска нема да ги поддржи терористичките организации ЈПГ, ПЈД или ФЕТО на „никаков начин“.

„Го изразивме (нашиот став) дека на никаков начин нема да ги поддржуваме организациите кои Туркије ги ословува како ЈПГ, ПЈД и ФЕТО“, изјави Стенергард.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет

Следно

Возете внимателно: Намалена видливост поради магла, можна појава на ситни одрони

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop