Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет

January 21, 2025
1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ бил подготвен да го предаде денешниот меч со  Шпанецот Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија опен.

Триесет и седумгодишниот Србин победи во четири сета – 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Тој направи лекарска пауза за време на средбата.

– Бидејќи победив, не сакам да откривам премногу, но лековите дефинитивно ми помогнаа. Да бидам искрен, ако го изгубев вториот сет, не знам дали ќе продолжев да играм. Но, се чувствував се подобро и подобро, успеав да одиграм неколку одлични гемови и да го завршам вториот сет. Ја искористив шансата, почнав да се чувствувам подобро, подобро да се движам. Порано или подоцна лековите ќе престанат да делуваат. Каква ќе биде реалноста ќе дознаеме утре наутро. Но, сега ќе се обидам да не го пропуштам моментот и да уживам во оваа победа, рече Ѓоковиќ во интервјуто на теренот.

Во полуфиналето на Австралија опен Ѓоковиќ ќе игра против Германецот Александар Зверев. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Бројните средби на премиерот со влијателни личности во САД, создаваат нови можности за инвестиции во Македонија

Следно

Фидан: Продолжувањето на прекинот на огнот во Газа клучно за опстанокот на Палестинците и за стабилноста на регионот

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop