Ниту белградски, ниту европски – скопјани продолжуваат да мрзнат чекајќи автобус

January 21, 2025
1 min read

Скопјани продолжуваат да се соочуваат со проблеми на автобуските линии, бидејќи новите еколошки автобуси, кои требаше да го подобрат јавниот превоз, сè уште не се наоѓаат на улиците, нема абер ниту од ветените стари белградски автобуси а не е ниту на повидок владиниот тендер за набавка на нови електрични.

Шесте донирани еколошки автобуси во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“ кои требаше да го подобрат јавниот превоз во Скопје се соочуваат со нови административни пречки, откако по примопредавањето се појавија бројни грешки во документацијата. Автобусите, произведени од турската компанија „БМЦ“ и на компримиран природен гас (ЦНГ), пристигнаа со правописни грешки на налепниците, а најголемиот проблем се откриените несогласувања во бројот на шасиите и бојата на автобусите. Наместо црвена, на документите била впишана сина боја.

По повторната процедура во Советот на Град Скопје, беа изгласани две одлуки кои го разрешуваат овој проблем и овозможуваат автобусите да бидат предадени на ЈСП.

ЈСП „Скопје“ објави јавен оглас за каско осигурување на автобусите, кој ќе трае до 23 јануари. Откако ќе бидат отворени понудите, следува законскиот период за жалби, што значи дека автобусите нема да започнат со сообраќај до февруари, а можеби и подоцна ако се појават нови проблеми со документацијата.

На прашањата испратени од Рацин.мк за причините за одолговлекувањето со пуштањето на автобусите, ЈСП „Скопје“ не одговорија, а од Град Скопје, пак, велат дека одговорите треба да бидат побарани од ЈСП, упатувајќи на институцијата која е задолжена за оваа процедура.

Град Скопје и УНОПС на ден 6.8.2024 година потпишаа Меморандум за разбирање со кој се согласија заедно да работат на проект што има за цел подобрување на јавниот превоз. Донацијата од УНОПС се состои од 6 (шест) автобуси со компримиран природен гас (ЦНГ), со цел подобрување на јавниот превоз на жителите на град Скопје.

Се очекува новите автобуси да донесат значително олеснување за јавниот превоз во Скопје, кој моментално се соочува со недостиг на возила и чест метеж во автобусите. Граѓаните и работниците во јавниот превоз се надеваат дека до крајот на месецот овие автобуси ќе започнат со работа, а се очекува и дека до крајот на годината ќе биде распишан тендер за набавка на електрични автобуси.

Ибаку веќе никој не спомнува ништо за наводната донација од Белград на шест користени автобуси, откако неколку денови стигаа разни информации и најави поврзани со веста што пристигна од соседната држава дека дел од автобусите што нема да сообраќаат во главниот град на Србија се размислува да бидат донирани за Скопје и за други градови во Македонија.

Граѓаните очекуваат и Владата да објави тендер за електричните автобуси за јавниот градски превоз, на кој, како што најави уште во ноември премиерот Христијан Мицкоски, треба да се набават меѓу 100 и 120 автобуси, од кои најголем дел за Скопје, но и за другите градови во државава, кои имаат организиран јавен градски превоз.

Соња Танеска

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димовски оствари редовна работна средба со Вебтек, проектот за нова инвестиција активно напредува

Следно

Собранието го усвои Законот за заштита на децата

Latest from Blog

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА БАРАЛ РЕВИЗИЈА ЗА ЦРВЕНИОТ КАРТОН ЗА БАЛОГУН, политиката имала улога во поразот на БиХ

Американскиот претседател потврди дека лично побарал од претседателот на ФИФА повторно да се разгледа црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во мечот кој го одиграа САД и Босна и Херцеговина. Изјавата

Полицајци, инспектори, службеници му јавувале на газда Деко за контроли

Тајни СМС-пораки и вибер-комуникација со полициски началници, инспектори и вработени во Секторот за економија што праќале информации за контроли, беа јавно разоткриени во импровизираната судница во затворот „Идризово“, на судењето за пожарот

Меџити: Потпишан е договорот, автопатот Скопје–Блаце влегува во изградба

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го поздрави потпишувањето на договорот за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, оценувајќи дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни

Денеска на Мундијалот: Роналдо против “Фуријата“, Американците сонуваат 1/4 финале

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ По се она што се случуваше во изминатиот ден, по шоуто на Халанд против Бразил и епскиот дуел на “Ацтека“ на кој Англија славеше против Мексико, денеска продолжува 1/8 финалето со

Проданоски: Фудбалски спектакл на голем екран во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена
Go toTop