Собранието го усвои Законот за заштита на децата

January 21, 2025
1 min read

Во рамки на денешните активности, Собранието попладнево продолжи со разгледување и усвојување на повеќе важни законски предлози и финансиски планови. Во трето читање беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, откако претходно пратениците ги одобрија сите шест амандмани, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Без дебата беше завршена општата расправа за Предлог-законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и за Предлог-законот за изменување на Законот за еднакви можности на жените и мажите. Двата предлога беа усвоени во прво читање, со заклучок дека се прифатливи за понатамошна обработка во Комисијата за еднакви можности и Законодавно-правната комисија.

Исто така, беше одобрен Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, како и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година. Во второ читање беа усвоени и одлуките за Годишниот финансиски план на истата агенција, а за гласањето пратениците ќе бидат дополнително известени.

Собранието ќе гласа и за измените на Финансиските планови на Македонската радио-телевизија (МРТ) за 2024 и 2025 година, кои вклучуваат дополнување и пренамена на средства.

Пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ реагираше на Финансискиот план за МРТ за 2024 година, истакнувајќи дека усвојувањето на план за веќе измината буџетска година претставува прекршување на законот.

-Вака донесената одлука за давање согласност за веќе измината година е прекршување на законот. Самата одлука би била спорна и доколку биде оспорена, може да предизвика дополнителни негативни последици, рече Трајчулевски.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ја прекина 31-та седница, а продолжението е закажано за утре во 13 часот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ниту белградски, ниту европски – скопјани продолжуваат да мрзнат чекајќи автобус

Следно

Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

Latest from Blog

ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА БАРАЛ РЕВИЗИЈА ЗА ЦРВЕНИОТ КАРТОН ЗА БАЛОГУН, политиката имала улога во поразот на БиХ

Американскиот претседател потврди дека лично побарал од претседателот на ФИФА повторно да се разгледа црвениот картон на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во мечот кој го одиграа САД и Босна и Херцеговина. Изјавата

Полицајци, инспектори, службеници му јавувале на газда Деко за контроли

Тајни СМС-пораки и вибер-комуникација со полициски началници, инспектори и вработени во Секторот за економија што праќале информации за контроли, беа јавно разоткриени во импровизираната судница во затворот „Идризово“, на судењето за пожарот

Меџити: Потпишан е договорот, автопатот Скопје–Блаце влегува во изградба

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го поздрави потпишувањето на договорот за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, оценувајќи дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни

Денеска на Мундијалот: Роналдо против “Фуријата“, Американците сонуваат 1/4 финале

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ По се она што се случуваше во изминатиот ден, по шоуто на Халанд против Бразил и епскиот дуел на “Ацтека“ на кој Англија славеше против Мексико, денеска продолжува 1/8 финалето со

Проданоски: Фудбалски спектакл на голем екран во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена
Go toTop