И покрај суспензијата на СТАРТ, Русија ќе продолжи да ги почитува ограничувањата за нуклеарното оружје утврдени со Договорот

February 21, 2023
1 min read

Во соопштението на руското МНР, меѓу другото, се наведува дека одлуката за суспензија на Договорот може да биде реверзибилна доколку Вашингтон покаже политичка волја да вложи напори за деескалација и да создаде услови за продолжување на целосното функционирање на Договорот

Откако рускиот претседател Владимир Путин во своето денешно обраќање најави оти Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ), руското Министерство за надворешни работи информрира дека Москва ќе продолжи да се придржува кон пропишаните квантитативни ограничувања на стратешкото офанзивно оружје, со цел, како што се вели, да се одржи доволен степен на предвидливост и стабилност во нуклеарната ракетна сфера.

Во соопштението на руското МНР, меѓу другото, се наведува дека одлуката за суспензија на Договорот може да биде реверзибилна доколку Вашингтон покаже политичка волја да вложи напори за деескалација и да создаде услови за продолжување на целосното функционирање на Договорот.

„Ја повикуваме американската страна да го стори токму тоа. Дотогаш, каков било наш чекор кон Вашингтон во контекст на СТАРТ апсолутно не доаѓа предвид“,

се наведува во соопштението на МНР на Русија.

Во соопштението, руското МНР ги повикува САД на воздржаност од преземање какви било чекори кои би можеле да го спречат продолжувањето на Договорот Нов СТАРТ во случај да се создадат неопходни услови за тоа.

„Убедени сме дека потенцијалот на Договорот во однос на неговиот придонес во зајакнувањето на меѓународната безбедност и стратешката стабилност е далеку од исцрпен. Сепак, тој ќе може целосно да се отвори само доколку се вратат можностите за симетрично, еднакво и темелно спроведување на Договорот СТАРТ од двете страни“,

посочуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека и внимателно ќе ги следат понатамошните дејствија на САД и нивните сојузници како на полето на стратешкото офанзивно оружје, така и воопшто во полето на меѓународната безбедност и стратешката стабилност.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пренџов: Пазар политиката на власта со Алијанса нема за 9 месеци да го подобри живото на граѓаните, и да им ги намали цените на продуктите, ниту ќе има правна држава

Следно

Зеленски: Благодарам на Бајден и Америка, мора да обезбедиме победа оваа година!

Latest from Blog

Зеленски вели дека Украина ќе го забрза развојот на домашните ракетни системи

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека Украина ќе го забрза развојот на својата програма за балистички ракети, нарекувајќи ги можностите за долг дострел „јасна и ефикасна гаранција за

Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Социјалдемократите реагираат на денешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци, и тврдат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада на СДСМ. „Последен

Конечно треба да почне да важи за сите законот за истакнување на знамињата

На гестот на вицепремиерот за добро владеење Фетаи, реагираше претседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева. Осудувајќи го настанот се заложи конечно да завладее законот за истакнување на знамињата и за санкционирање

Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс

Грег Попович се повлекува од функцијата главен тренер на Сан Антонио Спарс и ќе ја преземе функцијата претседател на кошаркарските операции во клубот, објави Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА).
Go toTop