Во браните Глажња и Липково има 14 милиони кубни метри вода

February 21, 2023
1 min read

Во моментов во браните Липково и Глажња има 14 милиони метри кубни вода, соопштија денеска од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Според надлежните, количината ќе биде доволна за да се задоволи потрошувачката на вода за кумановци.

-До почетокот на сезоната за наводнување очекуваме приливи на вода кои ќе бидат доволни да ја истуркаме оваа сезона успешно како и минатите. Притоките кои се влеваат во браната Глажња имаат доволна количини на вода, кои ја покриваат количината на вода која се троши за Куманово за овој момент. Очекуваме поголеми дождови за да се подигне нивото на двете брани. Оваа количина на вода ќе биде доволна за Куманово за вода за пиење, додека за наводнување ќе знаеме до почетокот на сезоната 15-ти април, изјави директорот на подружницата, Оливер Илиевски.

Според него, потребни се дополнителни четири до четири и пол милиони метри кубни вода ќе за да почне сезоната за наводнување. Земјоделците навреме ќе бидат известени за начинот на наводнување кое ќе зависи од временските прилики. Доколку има помала количина, тогап ќе има рестрикции за земјоделците, ќе им биде дозволено наводнување само во одредени денови.

– Бај пасот е исклучен по 31-ви јануари, лани затоа што преку него се троши голема количина на вода, иако „Водовод“ Куманово користи само 150.000 метри кубни од тој цевковод, но ние мора тој да биде полн за да може да стигне водата под притисок до филтер станицата. Затоа што го исклучивме бај пасот и затоа што минатата година имавме рестрикции кон земјоделците, за да се зачува доволно ниво на вода, за да не го ставиме во ризик Куманово. Бај пасот се вклучува со отпочнување на сезона за наводнување, 15-ти април, изјави Илиевски.

Според кумановската подружница, критично може да биде во август и сè зависи од временските услови во наредниот период. Но, со оваа количина на вода кумановци ќе имаат вода за пиење.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подољак: Путин јавно ја покажа својата збунетост

Следно

Предлог во Албанија: Затворска казна до 5 години за напад или закана против медиумски работници

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop