Тебас бара разумно објаснување или оставка од Лапорта

February 21, 2023
1 min read

Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, чека објаснување од Барселона во врска со скандалот поврзан со исплата на милионска сума на поранешниот потпретседател на судискиот комитет.

Деновиве се појави информација дека каталонскиот клуб платил 1,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој тогаш беше потпретседател на техничкиот судиски комитет, во периодот од 2016 до 2018 година. Клубот појасни дека службеник на Шпанската фудбалска федерација бил платен за извештаи за млади играчи и судење. Се дозна дека Барселона од 2003 година префрлила на Негреира 4,7 милиони евра. Трансферите од клубот сочинуваа 95% од прометот на неговата компанија од 2016 до 2018 година.

– Досега тие само изразија длабока загриженост и најавија почеток на внатрешна истрага, но ништо повеќе. Не следеше јасно објаснување, само порака од која можеше да се разбере дека сите клубови го прават тоа. Доколку Лапорта не даде разумно објаснување, мора да поднесе оставка, рече Тебас.

Скандалот со Лапорта доаѓа во време кога Барселона е лидер на табелата во Ла лига со осум бодови предност пред Реал Мадрид по 22 одиграни кола.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дендиас и Блинкен ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог Грција – САД

Следно

За една година, ЧетГПТ „наполни“ 9 години

Latest from Blog

Уапсен е директорот на Болницата за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координирана акција со Министерството за внатрешни работи, се уапсени два лица под сомнение за кривични дела, примање мито и

Атанасоски во Отворено: „Вреди“ има проблем со легитимитетот кај гласачите, таму има истрошени кадри на ДУИ

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во Отворено рече дека, во политичката партија „Вреди“ во моментов проблем е нивниот легитимитет, но и судирот на ега и суети. Според него, се додека во Македонија се

Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина

Вкупно 229 милиони денари се на располагање за проекти од областа на животната средина за 2025 година, соопшти денеска на прес-конференција првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и
Go toTop