Германија усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите

January 8, 2025
1 min read

Германската влада денеска усвои реформа на процедурата за враќање на уметничките дела украдени од нацистите, проект критикуван од адвокатите и потомците на жртвите, но одобрен од Централниот совет на Евреите.

– Германија подобро ќе ја преземе својата историска одговорност благодарение на оваа реформа, рече министерката за култура Клаудија Рот.

Од доаѓањето на Адолф Хитлер на власт на 30 јануари 1933 година и капитулацијата на Германија на 8 мај 1945 година, стотици илјади уметнички дела биле украдени од нивните сопственици, од кои повеќето биле Евреи.

Во декември 1998 година, по децении инерција, Германија и 43 други земји ветија дека ќе ги најдат и, ако е можно, ќе ги вратат делата украдени од нацистите.

Речиси 80 години по падот на Третиот Рајх, целиот ограбен имот не им е вратен на потомците на жртвите.

Според сегашниот систем, и барателот и сопственикот на наводното украденото уметничко дело мора да се согласат на арбитража, чекор што многу сегашни сопственици одбија да го преземат во пракса.

Со предложената реформа се планира да се замени сегашната советодавна комисија, чии одлуки не се обврзувачки, со арбитражен суд за барања за враќање на стоки.

Новиот механизам ќе им овозможи на жртвите или нивните потомци сами да поднесат барање за враќање на делата, рече министерката, но тоа подразбира дека тоа ќе биде без согласност на музеите кои ги чуваат делата.

Во отвореното писмо до германскиот канцелар Олаф Шолц објавено вчера, група адвокати и потомци на жртвите ја осудија реформата.

Групата смета дека реформата, наместо да го подобри пристапот до правдата, ќе исклучи „цели групи жртви“ и ќе ги ограничи правата за враќање.

Централниот совет на Евреите во Германија, кој учествуваше во разговорите за реформата, и Конференцијата за еврејски барања, организација која бара компензација за преживеаните од Холокаустот, рекоа дека реформата е прв чекор.

Целта на овие две институции, сепак, останува да се воведат закони за реституција и за приватните институции, како што веќе имаат и другите европски земји.

Последните години потрагата по ограбените дела им е олеснета на потомците на жртвите благодарение на декласификацијата на многу документи, интернетот и дигитализацијата, со полесен пристап до сите музеи, трговци со уметнички дела и аукции.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије побара укинување на санкциите за Сирија по соборувањето на Асадовиот режим

Следно

Раководството на ЕСМ склучило договор „во четири очи“ за копање јаглен

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop