Намалена видливост на патот од Тетово до село Гајре

January 8, 2025
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Гајре, информира ЈП Македонијапат.

Од АМСМ, пак, нагласуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Висок американски дипломат ќе ја посети Анкара на разговори за Сирија

Следно

Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба

Latest from Blog

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да остане и без последното алиби за изборниот дебакл што ги очекува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за

Тоневски: Се реконструира дел од ул. „3-ти Април“ во Пробиштип

Во Пробиштип се изведуваат градежни активности за реконструкција на дел од улицата „3-ти Април“, информира градоначалникот Тони Тоневски. Во оваа фаза се врши отстранување на старите тротоари и оштетените делови од асфалтната
Go toTop