Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба

January 8, 2025
1 min read

Две лица загинале и повеќемина се повредени од пожарот „Итон“ во близина на Пасадена, Калифорнија, изјавија денеска од пожарникарската служба на округот. Таму, во тек е евакуација на околу 32.500 жители.

Територијата со пожарите што зафати неколку населени места во Лос Анџелес, како елитното Палисајдс, сега се удвоила. Во Палисајдс, под наредба за евакуација се 37.000 луѓе, додека приближно 15.000 објекти се под ризик да изгорат. Пожарот започна овде пред 24 часа и се прошири на 2.950 акри (1.193 хектари).

Како резултат на пожарите гувернерот Гавин Њусам прогласи вонредна состојба во Калифорнија.

Болничките служби се под огромен притисок да интервенираат кај лица кои имаат пречки во дишењето од смогот што, според извештаите на медиумите, поради ветерот се шири во многу делови од градот.

Командирот на полицијата на Лос Анџелес изјави дека ветровите се причина за брзото ширење на пожарите.

– Тие се трагично бреме во нашата историја. Ова досега не сум го видел, изјави командирот Џим Мекдонел.

Јануари обично е време со најмалку пожари во Калифорнија.

На брифингот за јавноста денеска уште беше кажано дека од пожарите досега биле уништени над 1.100 објекти и згради. Исто така биле повредени неколку пожарникари.

Околу 3.000 лица се евакуирани од пожарот „Хрст“ во областа Силмар. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена видливост на патот од Тетово до село Гајре

Следно

Градоначалникот на Бутел, Костовски, најавува градежна офанзива оваа пролет во Скопје Север, Бутел 2 и Визбегово

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop