Спорен закон

January 6, 2025
1 min read

ВРЕДИ молчи за ветото на Сиљановска Давкова за законот за детска заштита. Нема одговор од владиниот коалиционер ВЛЕН, откако шефицата на државата ја спушти рампата за двојазични лиценци во градинките – не го потпиша законот за детска заштита и го врати во Собрание на доработка. 

Според образложението на Давкова, кое го објави МИА, се наведува дека спровела темелна анализа и експертски консултации, по што бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од предлог-законот. 

– Потсетувам дека начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо се веќе уредени со закон.

И додека од Илинденска бр2 порачуваат дека законот ќе се доработи и ќе се најде пред пратениците согласно законските рокови, првото вето на Сиљановска кое е тест за Собранието, ги подели и опозициските партии од македонскиот и албанскиот блок. Реагираа СДСМ и ДУИ. Првите го поздравија, вторите го оценија како отворен напад врз албанскиот јазик. 

СДСМ го поздрави потегот и упати низа забелешки, во одреден дел идентични со оние кои шшто се наведени како причина за ветото.

– Членот 9 и членот 10… значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита. Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата. Со предложените измени на Законот власта ги враќа процесите назад, со воведување можност за полагање за стекнување со лиценца во хартиена форма наместо во дигитална.

А ДУИ повика на мобилизација, порача дека е отворен напад врз албанскиот јазик и упати низа критики до коалицијата ВЛЕН. 

– Ова е агресија против Албанците, во која ВЛЕН свесно ја презема улогата на соработник. Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда.

Блокадата на Сиљановска ја поздрави Апасиев. Реагираше на фејсбук поставувајки реторичко прашање – дали апелот на пратениците Левица имало влијание врз одлуката на шефицата на државата. Тие реагираа и за тоа што измените на законот за заштита на децата, биле протуркани на комисијата за енергетика. 

Инаку, според процедурата, доколку законските измени бидат повторно изгласани со 61 глас, претседателката е должна да го потпише Указот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ призна дека сè уште има траума од Австралија: Нема да ве лажам…

Следно

Додик: Ќе продолжиме до крај, ќе се отцепиме од Босна и Херцеговина

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop