Ѓоковиќ призна дека сè уште има траума од Австралија: Нема да ве лажам…

January 6, 2025
1 min read

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ немаше најдобар старт на годината, кој изненадувачки беше поразен од Рајли Опелка во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн, но сепак е еден од главните фаворити за победа на Австралија опен.

Турнирот во Мелбурн му е омилен, таму дури по 11-ти пат ја освои шампионската титула, без разлика што со него се поврзуваат некои од најнемилите настани во кариерата.

Токму за ова зборуваше тенисерот во интервју за локалните медиуми и откри дека сè уште се сеќава на тортурата што ја доживеал при влегувањето во Австралија во 2022 година за време на пандемијата на коронавирус, кога беше приведен, а потоа депортиран од оваа земја.

-Нема да ве лажам, сè уште сум трауматизиран од се што ми се случи. Кога ќе поминам низ пасошка контрола на аеродромот во Мелбурн, сето тоа ми се враќа и не ми е удобно. Тоа беше многу лошо искуство за мене. Јас не сум некој што ќе покажува со прст кон некого и ќе го обвини за тоа што ми се случи. Не, сето тоа го оставив на страна, но само велам дека не ми е удобно кога поминувам низ тие места, ми поминува низ глава дека повторно ќе дојде некој да ме спречи да влезам. Јас и моето семејство после тоа се вративме во Австралија, освоив нова титула во Мелбурн и можам да играм на овој турнир, изјави Ѓоковиќ. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на СЗО го повика Израел да го ослободи директорот на болницата „Камал Адван“ во Газа

Следно

Спорен закон

Latest from Blog

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани

Николоски: Од Радовиш преку Струмица до Ново Село ќе се гради експресен пат

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, веќе е започната постапката за избор

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Летови, фудбалски натпревари и големи концерти се откажани, бидејќи милиони жители се подготвуваат за уште потешки временски услови во текот на викендот. Бурата ги погодува Њујорк, Њу Џерси, Масачусетс, Конектикат и Род
Go toTop