Пред два дена воздухот во Скопје дури 37,7 пати позагаден со пи ем 2,5 честичките

January 5, 2025
1 min read

Аерозагадувањето продолжува да руши рекорди. Според последните мерења на платформата „IQAir“, воздухот во Скопје и денеска е со црвен аларм особено за ранливите групи. 

Главниот град изминативе деновиве е постојано на врвот на листите на најзагадени, а во петокот нивото на PM 2.5 честичките  било 37,7 пати повисоко од годишната дозволена вредност според Светската здравствена организација. 

Од Град Скопје тврдат дека инспекторите се постојано на терен и вршат засилени контроли. Според податоците на градските власти изминатава недела биле казнети 20 лица, но се жалат дека другите надлежни институции не постапуваат, иако имаат законска обврска.   

Нагласуваат и дека после повеќе од две години, сѐ уште нема реакција од Обвинителството, по поднесената кривична пријава за „Усје“, каде биле измерени трипати повеќе ПМ10 честички што се испуштаат во атмосферата од дозволените.

– За време на изминатата недела инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, а секоја недела во просек се изрекуваат помеѓу 20 и 30 санкции. Град Скопје во минатата година поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу што и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. – Град Скопје.

Од партијата Левица пак ја повикаа Владата да спроведе итни и неодложни краткорочни мерки за намалување на загадувањето кои како што велат – можат веднаш да се спроведат преку координација на градските власти и институциите. 

„Спроведување на итни инспекциски надзори, изрекување казни и забрана за работа на загадувачите за кои се утврдило дека загадуваат повеќе од дозволеното; Машинско чистење на улиците од насобраната прашина со специјализирани возила за перење и правосмукање; Поставување на високоефикасни електростатски филтри на оџаците на сите големи индустриски капацитети кои загадуваат, како што се ,,Цементара”, ,,Железара”, ,,Макстил”, ,,Југохром”, ,,Дрисла” итн., како и инсталирање прецизни сензори за мерење на емисиите. – Левица.

Од министерството за животна средина вчера изјавија дека се преземаат  краткорочни мерки за загадувањето како контроли на индустриските објекти со А и Б интегрирана дозвола, но и контрола врз градежните активности, додека на долгорочен план се предвидува постепена промена на системите на греење, прво во државните, а потоа и во општинските институции. 

И додека надлежните тврдат дека се преземаат мерки, анализите покажуваат поразителни бројки – речиси 18 отсто од вкупната смртност во Македонија можат да се препишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ 2.5 честички, а  секој деветти смртен случај кај новороденчињата е поврзан со загадениот воздух.

Минатиот месец во два наврати се одржаа протести во Скопје со повик до надлежните институции и Владата  аерозагадувањето да го стават високо на агендата за приоритети.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ердоган рече дека Туркије буквално ја поразила терористичката група ДЕАШ

Следно

Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип

Latest from Blog

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на
Go toTop