Ердоган рече дека Туркије буквално ја поразила терористичката група ДЕАШ

January 5, 2025
1 min read

ТРАБЗОН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије буквално ја поразила терористичката група ДЕАШ, апарат за регионални планови што денес се обидуваат повторно да го реактивираат“, известува Анадолу.

„Туркије постигна значителен успех во својата стратегија за решително елиминирање на тероризмот од својот извор“, рече Ердоган во говорот на осмиот редовен регионален конгрес на АК Партијата во областа Трабзон.

Турскиот претседател посочи дека Туркије го спречи ширењето на терористичката група ПКК/ЈПГ во близина на нејзината граница, благодарение на антитерористичките операции.

„Со единство и солидарност, несомнено ќе ја постигнеме нашата цел за Туркије без тероризам, каде што конфликтите, насилството и нестабилноста во потполност ќе бидат дел од минатото“, додаде Ердоган.

Тој рече дека е завршена ерата на потпирање на оружје, насилство и тероризам која ја поддржуваат империјалистите.

„Нема да дозволиме да се градат нови ѕидови меѓу нас и нашите браќа и сестри со кои делевме исто географско подрачје и живеевме едни покрај други илјада години“, рече турскиот претседател Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије неутрализираше 36 терористи во северните делови на Сирија и Ирак

Следно

Пред два дена воздухот во Скопје дури 37,7 пати позагаден со пи ем 2,5 честичките

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop