Ученик во Миравци сам си ја скратил косата бидејќи на директорката и пречело што имал опавче

January 4, 2025
1 min read

Директорката на Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во гевгелиското село Миравци дискриминирала ученик по основа на род, барајќи од него барала да ја скрати косата и да дојде „среден“ на настава, констатираше Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Случајот започнал кога мајката на ученикот го испратила својот син со коса собрана во опавче на 1 септември, но директорката му наредила да ја промени фризурата за следниот ден. Во телефонски разговор, наставничката ѝ пренела на мајката дека детето треба да дојде „средено“.

Мајката информирала дека детето било на фризер, но одбило да ја скрати косата на горниот дел и таа била само странично скратена. На денот кога се случила ситуацијата, детето, настрадано од наредбата, само си ја скратило косата над очите. Следниот ден, детето отишло на училиште со новата фризура, но директорката и педагогот го предупредиле дека ќе добие укор ако не ја смени. Мајката побарала објаснување, посочувајќи дека таквата фризура е популарна во фудбалскиот клуб на нејзиниот син, но добила негативен одговор.

Комисијата за заштита од дискриминација оценува дека детето било дискриминирано бидејќи само нему било наложено да ја смени фризурата, додека девојче со слична фризура не било опоменувано. Според Комисијата, ваквото постапување произлегува од родови стереотипи и ги поттикнува нееднаквите општествени очекувања врз основа на род. Овие стереотипи можат да имаат долгорочни ефекти врз самодовербата и идентитетот на учениците.

Комисијата му препорачува на училиштето да ги ревидира своите политики и да се воздржи од примена на родови стереотипи, како и да ги ревидира интерните акти за да промовира родова еднаквост, наместо да се заснова на предрасуди и стереотипи.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Ветивме и денеска го пуштаме експресниот пат Куманово (Страцин)- Крива Паланка, нека е аирлија!

Следно

Падна електричен столб, Тајмиште 11 дена без струја – ЕВН: Се прават напори за санирање, но станува збор за непристапен терен

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop