Николоски: Ветивме и денеска го пуштаме експресниот пат Куманово (Страцин)- Крива Паланка, нека е аирлија!

January 4, 2025
1 min read

Изгрaдбата на експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка ќе значи развој на економијата во источниот дел на Македонија, отворање на нови фабрики и нови работни места, истакна вицепремиерот Александар Николоски на свеченото пуштање во употреба на експресниот пат.

Овој е прв капитален проект кој го пуштаме после Нова година, а многу брзо како што ветивме, ќе пуштиме во употреба и други проекти, додаде тој.

“Беше 31.12 ветено, јас и директорот Трајановски на 31 -ви го извозевме прв пат овој пат и пративме информација до премиерот дека патот е готов, а од денеска ќе може да го користите сите. Нека е со среќа, аирлија, да се гледаме за нови работи, најавуваме и нови проекти кои што ќе бидат за брзо отворени, а оваа година ќе почнеме и нови проекти кои што ќе значат развој за Македонија. Ние имеме уникатна локација, низ Македонија се сечат два пан европски коридори, коридор 8 и 10 и треба да ги искористиме, мора државата да стане крстосница, енергетска и транспортна крстосница и на тој наичн да растеме и сите да ја градиме економијата и просперитетот за луѓето да ни остануваат тука”- истакна вицепремиерот Николоски.

Денеска, вицепремиерот Николоски заедно со премиерот Мицкоски, директорот Трајановски и Бен Нупно заменик шеф на ДЕУ и официјално го пуштија во употреба експресниот пат од Куманово до Крива Паланка.

Патот е во должина од 25,5 километри и инвестиција од 107 милиони евра.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени

Следно

Ученик во Миравци сам си ја скратил косата бидејќи на директорката и пречело што имал опавче

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop