Дивите таксисти си возат, инспекторите си „спијат“

January 4, 2025
1 min read

Градот Скопје е преплавен со илјадници диви таксисти, додека надлежните институции не преземаат конкретни мерки за решавање на овој хроничен проблем. Граѓаните, оставени без заштита, често се соочуваат со неправедни цени за превоз, а разликата меѓу лиценцираните и дивите таксисти станува сѐ понезабележлива, особено бидејќи жолтите таблички веќе не се сигурен показател за легалноста на возилата.

„Ми беше потребно такси од Железничка до Ѓорче Петров. Не можев да најдам преку повик, па прифатив понуда од таксист со жолти таблички. Кога му кажав каде треба да одам, побара 700 денари . Иако инсистирав на користење таксиметар, тој одговори дека не му работи. Обично сумата не надминува 500 денари. Немав избор и морав да платам“, споделува жителка на Скопје.

Претседателот на Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје, Сашо Рајчановски, истакнува дека проблемот со дивите таксисти ескалирал во последните години. Според него, недостигот на редовни контроли и пасивноста на инспекциите се главните причини за хаосот.

„Законот и одлуките постојат, но никој не ги спроведува. Голем број од лиценцираните таксисти ги напуштаат компаниите бидејќи дивите таксисти заработуваат повеќе без никаква контрола или обврски“, додава Рајчановски.

Тој објаснува дека дивите таксисти, кои често користат нерегулирани апликации и не издаваат фискални сметки, наплаќаат неколкупати повисоки суми од реалните. Дополнително, дел од нив користат возила кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди, што претставува ризик за патниците.

Рајчановски предлага интензивни инспекциски контроли и строго спроведување на законите како начин за решавање на проблемот. Тој посочува дека, со отстранување на дивите таксисти, не само што ќе се подобри квалитетот на услугата, туку ќе се отвори и простор за нови легални вработувања, што ќе донесе финансиски придонеси за државата.

„Ако има волја, проблемот може да се реши за еден месец. Инспекторите мора да се активираат, а ако е потребно, да се побара и помош од републичките инспектори. Без тоа, хаосот ќе продолжи“, заклучува Рајчановски.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

Следно

Нефер трговски практики, петмина од антимонополска ќе се борат против нечесните трговци

Latest from Blog

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на
Go toTop