Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески

January 4, 2025
1 min read

Подготовките и првичните активности поврзани со снимањето на играниот филм, серијата и документарниот филм за Тоше Проески, според најавите, треба да почнат во текот на оваа година. Конкурсот во врска со снимањето ќе биде објавен од Македонската радио-телевизија, а станува збор за проект којшто треба да се реализира во рок од две години.

Во проектот ќе бидат вклучени повеќе копродуценти, а министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека ќе има копродуценти речиси од сите национални телевизии на Балканот, бидејќи постои многу голема заинтересираност.

– Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на државата преку Министерството за дигитализација, а проектот ќе го води Македонската радио-телевизија. Во проектот ќе бидат вклучени многу повеќе копродуценти, се надевам дека ќе бидат копродуценти речиси сите национални телевизии од Балканот, бидејќи навистина има многу голема заинтересираност, изјави неодамна Љутков на брифинг со новинарите.

Дополнително, се размислува и за музичко шоу за млади таленти кое што би го носело името на Тоше Проески.

Тоше беше еден од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Роден е на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески. Неговиот талент првпат е забележан на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година, на кој настапува со песната „ Јас и мојот дедо“, испеана на влашки јазик и компонирана од Христо Христовски – Муларот.

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ на 5 октомври 2007 година го одржува својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше поддржан од УСАИД, а имаше хуманитарен карактер. Парите од билетите се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. По неговата смрт на истиот датум беа одржани уште неколку концерти во негова чест.

Крушево се подготвува да одбележи уште еден роденден на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. На 25 јануари се навршуваат 39 години од неговото раѓање.

Загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Секоја година во неговото родно Крушево се одбележува годишнината од смртта, а во негова чест маратонци го трчаат ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево. 

Постхумно, е прогласен за почесен граѓанин на земјава и е погребан со најголеми државни почести. Од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, постхумно е одликуван со Орден за заслуги.

Во неговото родно Крушево на 25 април во 2011 година беше отворена националната установа „Спомен куќата за Тоше Проески“ која што до ден денешен е посетувана од неговите обожаватели и бројни музички ѕвезди. 

Почнува чествувањето по повод 14-годишнината од загинувањето на нашата и балканска голема музичка ѕвезда Тоше Проески, кој го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007

Спомен куќата претставува материјализација на целиот негов животен пат и низ содржините обезбедува хронолошки приказ на неговото детство, тинејџерските години и периодот кога го достигна врвот на својата музичка уметничка кариера.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за трговија: Туркије ќе започне големи чекори со Сирија во трговијата и обновата на земјата

Следно

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop