Јаневска: Продолжува одличната соработка со младите и грижата за подобар ученички и студентски стандард

January 3, 2025
1 min read

Новата Влада има одлична соработка со младите. Во изминатите шест месеци излеговме во пресрет на повеќе нивни барања, со што се проширија правата и можностите за учениците и студентите. Ја продолжуваме редовната комуникација и заложбите за подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска по денешната средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени, на која се дискутираше за заедничките приоритети во 2025 година.

-Продолжуваме да дискутираме за нивните потреби и за олеснување на процесот на образование и секојдневно функционирање. Драго ми е што учениците и студентите се задоволни од досега преземените активности и мерки, а јас уверувам дека ќе биде уште подобро за нив во сопствената земја. За оваа година обезбедивме буџет за студентски стандард кој е за 18% поголем од ланскиот и ќе изнесува 30 милиони евра, рече Јаневска.

Потсети дека на самиот почеток на календарската година, овозможен е бесплатен превоз за студентите во Скопје, односно Владата одлучи да префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје, за разлика од претходното владино раководство кое три години немаше донесено ваква одлука.

Јаневска информираше дека минатата година го прифати барањето на студентите за субвенциониран студентски оброк да користат и бруцошите почнувајќи од месец октомври, што порано не беше така, како и дека оваа мерка или ќе го прошири опфатот на корисници или ќе се зголеми дневниот износ за студентите кои сега го остваруваат ова право.

-Ги олеснивме критериумите за искористување на стипендиите за студенти запишани на студиски програми за наставен кадар. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможивме да аплицираат студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои порано беа дискриминирани. Постапките целосно ги дигитализиравме, така што повеќе нема доставување на хартиени договори и решенија. Ќе напоменам и дека навремено ги исплативме ученичките и студентските стипендии за тековната учебна, односно академска година, за разлика од минатото кога исплатата доцнеше по шест и повеќе месец, рече Јаневска.

Министерката потсети и дека во тек е етапна реконструкција на студентските домови, како и дека оваа година ќе продолжи изградбата на ФИНКИ и ФФК.

-Ќе има уште многу нови инвестиции, подобри услови за образование и повеќе права и можности кои ги уредуваме со нова законска регулатива. Следува изработка на нови закони за високо образование и за студентски стандард, процес во кој студентите се директно вклучени, додаде Јаневска, потенцирајќи дека младите се иднината и мора да им се овозможат сите услови за тука да го реализираат својот потенцијал.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Криминал тежок 145.000 евра: Осум цариници овозможиле 35 автомобили незаконски да се продаваат

Следно

Уште еден палестински новинар е убиен во израелски напад врз Газа

Latest from Blog

Мицкоски: Реформската агенда останува во центарот на владините политики

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани клучните приоритети, тековните активности и следните чекори за унапредување на реформските процеси. Во фокусот на состанокот

Деклан Рајс го исполни ветувањето!

ФОТО: Arsenal/FB Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, го прослави својот триумф во Премиер-лигата на Инстаграм, потсетувајќи се на својата незаборавна порака од пред еден месец. „Топџиите“ ја обезбедија својата

Во Битола одбележан Денот на македонските пожарникари

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележуваат 20-ти мај Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата

ВЛЕН: Ги решаваме проблемите што ДУИ ги остави 20 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека протестот на студентите повторно ја разоткрил, како што велат, политиката на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека две децении оставала нерешени проблеми поврзани со употребата на албанскиот јазик. Од

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ на Кина, објави Си-Ен-Ен . Преговори за царинско и трговско примирје Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат
Go toTop