Криминал тежок 145.000 евра: Осум цариници овозможиле 35 автомобили незаконски да се продаваат

January 3, 2025
1 min read

Увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници или вкупно 19 лица и пет фирми од кои две шпедиции, два увозника и еден автоплац, организирано вршеле кривични дела со половни возила, при што овие возила незаконски биле ставани во промет и завршувале на автоплацеви ширум државава, без да се платат увозните давачки. Ова е епилогот од новиот случај на шверц на возила во кој директно се вклучени осуммина цариници против кои освен кривична, се води и дисциплинска постапка.

„Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема, изработувале фалсификувани придружни документи кои се потребни за завршување на царинската постапка и фиктивно го раздолжувале транзитот, без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата биле пуштени во слободен промет и истите завршувале на различни автоплацеви во државата“, изјави Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Кривичните пријави до ОЈО се за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување.

Инаку, вредноста на 35 – те автомобили кои ги откри Царина дека се внесени незаконски е 325 илјади евра, а штетата на буџетот на државата е 145 илјади евра. Овие возила се ставени под царински надзор. Но, од Царина велат дека можеби штетата е поголема бидејќи се сомневаат дека ваквата незаконска шема се повторувала со години. Инаку, поголемиот дел од автомобилите се најдени на повеќе плацеви, но некои веќе и биле продадени на граѓани.

Возилата се ставени под царински надзор.

„Кога би завршила целата постапка, овие возила би требало да одат во Агенција за привремено одземен имот, а потоа таму има постапка по која можат да идат на јавно надавање“, изјави Бобан Николовски, директор на Царинска управа.

Праксата покажува дека многу ретко вака одземени возила се враќаат на граѓаните кои ги купиле.

Од Царината најавуваат дека истрагата може и да се прошири и со други кривични пријави против други лица, при што некои од нив ќе се товарат за повеќекратно извршување на исти или слични дела.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈСП ги дискриминирала Ромите во Шуто Оризари: Возачите ги игнорираат и кршат основни права

Следно

Јаневска: Продолжува одличната соработка со младите и грижата за подобар ученички и студентски стандард

Latest from Blog

Општина Чаир организира панел по повод Меѓународниот ден на аутизмот

Денеска, во Општина Чаир се одбележа Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот. На добро организиран панел со широка учество на професионалци, родители и институционални претставници се дискутираше за предизвиците со кои се

Божиновска: Македонија станува регионален енергетски центар

Денеска се одржа историски настан за македонскиот енергетски сектор со поставувањето на камен темелник на 400 kV далекуводот од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница. Овој капитален проект е стратешка интерконекција која

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Денеска, Прилеп со гордост и достоинство одбележа 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров – еден од најзначајните македонски револуционери, идеолози и визионери на македонското ослободително дело. Како град кој ја негува

Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани – МБИ10 со раст од 0,71%

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија
Go toTop