Зеленски стравува од трета светска војна доколку Кина ја поддржи Русија

February 20, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека контактирал со кинеското раководство и побарал од нив да не ѝ даваат никаква поддршка на Русија во војната против Украина, пренесува Aнадолу.

„Се надевам дека Владата во Пекинг ќе задржи прагматичен став, во спротивно ризикуваме трета светска војна – сите сме свесни за тоа“, изјави Зеленски во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

Тој додаде дека Украина отсекогаш имала одличен однос со Кина и во интерес на сите е тоа да не се влошува.

Иако Кина се смета за еден од клучните поддржувачи на Русија, таа сè уште не обезбедува воена поддршка за Москва. Меѓутоа, САД тврдат дека Кина наскоро може да испорача оружје.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата за „Си-би-ес“ зборуваше за извештаите дека Кина размислува да обезбеди смртоносна поддршка за Русија.

На прашањето што мисли, Блинкен одговори: „Оружје, првенствено оружје.“

Зеленски го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон поради тоа што постојано барал разговори со Русија.

„Тоа ќе биде неуспешен дијалог. Всушност, Макрон губи време. Заклучив дека не сме во состојба да го промениме рускиот став“, рече Зеленски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Османи, на прес-конференција со Чавушоглу

Следно

Две возила изгореа во Скопје

Latest from Blog

ССМ на 1 Мај ќе ги повтори барањата за зголемување на минималната плата и на останатите плати

Сојузот на синдикати на Македонија на Првомајскиот протест повторно ќе побара зголемување на минималната плата на 500 евра, како и зголемување на останатите плати за 100 евра и зголемување на платите во

Дебар: Водата да се преврива пред пиење!

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар упати информација до корисниците. Како што велат, водата за пиењеможе да ја користат  само со претходно нејзино превривање. „Ги известуваме корисниците,

Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен притвор, информираат од Основниот суд Кочани.  -По поднесените предлози за определување на

Глобална трговска војна – чекор напред, два назад

Кина одлучи да го игнорира секое идно покачување на царините кое ќе во воведе американската администрација. Додека си џинпин ја продолжува турнејата низ југоисточна Азија, од кинеското министерство за надворешни работи порачуваат

Охрид оваа година нуди богата програма за Велигден, празнични концерти, базари, прошетки низ храмовите

Охрид со збогатена програма за Велигден. Празничен базар,концерти,кратки екскурзии низ езерото и храмовите, туристите имаат богата агенда за празнувањата.Туристичките водичи задоволни од интересот за празникот. Со традиционалниот Велигденски базар денеска започнаа празнувањата.
Go toTop