Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

April 17, 2025
1 min read

На седум од вкупно 24 лица, осомничени за пожарот во Кочани, мерката ефективен притвор им се заменува со мерка куќен притвор, информираат од Основниот суд Кочани. 

-По поднесените предлози за определување на мерка притвор а врз основа на донесена Наредба за истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година  на ОЈО Кочани, од страна на Судија на претходна постапка беа определени вкупно 24-дваесет и четири  мерки за обезбедување на присуство –притвор, од кои по изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а  во понатамошниот тек од постапката  по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор, се вели во соопштението објавено на веб страницата од Судот. 

Спрема сите осомничени по дадените предлози за определување мерка за присуство по донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Ко бр.180/25 од 20.03.2025 година од страна на ОЈО Кочани, беше доставен предлог за продолжување на овие изречени мерки до Основен суд Кочани и по вака изјавените предлози за продолжување на претходно определените мерки за обезбедување на присуство се постапува во определените законски рокови.

-По поднесените предлози за определување на мерки за обезбедување на присуство а врз основа на донесена Наредба за проширување на истражна постапка за нови лица  Ко бр.180/25 од 12.04.2025 година  на ОЈО Кочани, спрема 19-деветнаесет  осомничени од кои за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на Судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема 8-осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата Судијата на претходна постапка беше определена спрема овие 8-осум осомничени, додека спрема 7-седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените, се вели во соопштението од ОС Кочани.

По изјавени жалби од страна на осомничените, Советот при Основен суд Кочани постапува по истите во законски предвидениот рок и кога ќе бидат донесени одлуки од овој Совет, судот повторно ќе даде соопштение за исходот од постапувањето Советот од чл. 25 став 5 од ЗКП.

Според инфомациите на дел од медиумите, меѓу лицата на кои им е заменет притворот со куќен притвор, се и екс градоначалник на Кочани Љупчо Папазов и поранешниот директор на ДПИ Горан Трајковски, како и еден член од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Глобална трговска војна – чекор напред, два назад

Следно

Дебар: Водата да се преврива пред пиење!

Latest from Blog

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

Јаневска: Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. Според неа, иако бројките сè уште не се масовни,

Интер го„скрши“ Каљари и ита кон титулата!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Интер направи голем чекор кон враќање на титулата во Милано, а вечерва се приближи уште повеќе до освојување на Скудетото со победата од 3:0 дома против Каљари во првиот натпревар од
Go toTop