Израел уби уште 11 Палестинци во воздушен напад врз шатори во јужна Газа

January 2, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 11 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, се убиени рано утрово во израелски воздушен напад врз шатори на раселените Палестинци во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Воздушниот напад е извршен во подрачјето на Ал-Маваси во градот Кан Јунис, изјави медицински извор, додавајќи дека меѓу убиените има три жени и четири деца.

Подрачјето на Ал-Маваси е означено од Израел како „безбедна хуманитарна зона“. Меѓутоа, израелските воени авиони и беспилотни летала многупати спроведоа напади во областа, вршејќи масакри и убивајќи стотици луѓе.

Во централниот дел на Појасот Газа хеликоптери на израелската армија отворија оган кон западните делови на градот Деир ал-Балах, а израелски чамци отворија оган кон северните и западните делови на бегалскиот камп Нусејрат, рекоа очевидци.

Израелската артилерија, исто така, продолжи да ги гаѓа населбите Зејтун и Ал-Сабра во јужниот дел на градот Газа.

Очевидци за Анадолу изјавија дека израелската армија продолжила со бомбардирање на куќите и зградите во областа Ал-Сафтави во северниот дел на градот Газа и во Џабалија во северна Газа.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот, израелската армија ја продолжи геноцидната војна во Газа во која се убиени над 45.550 Палестинци, главно жени и деца, од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извршен увид на лице место на скопската обиколница

Следно

Сообраќајката на обиколницата во која загина жена, под истрага на Обвинителството

Latest from Blog

Мицкоски: Реформската агенда останува во центарот на владините политики

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани клучните приоритети, тековните активности и следните чекори за унапредување на реформските процеси. Во фокусот на состанокот

Деклан Рајс го исполни ветувањето!

ФОТО: Arsenal/FB Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, го прослави својот триумф во Премиер-лигата на Инстаграм, потсетувајќи се на својата незаборавна порака од пред еден месец. „Топџиите“ ја обезбедија својата

Во Битола одбележан Денот на македонските пожарникари

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележуваат 20-ти мај Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата

ВЛЕН: Ги решаваме проблемите што ДУИ ги остави 20 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека протестот на студентите повторно ја разоткрил, како што велат, политиката на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека две децении оставала нерешени проблеми поврзани со употребата на албанскиот јазик. Од

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ на Кина, објави Си-Ен-Ен . Преговори за царинско и трговско примирје Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат
Go toTop