Силјановска-Давкова: Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала

January 1, 2025
1 min read

Многу пати сум рекла дека мирот и нашата безбедност, во најголем степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала, таа е најголемиот гарант за нашиот мир, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова која на првиот ден од новата година ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“-Штип.

Претседателката Силјановска Давкова при посетата и разговорот со припадниците на Армијата рече дека видела импресивна воена опрема и се работи за држење чекор со најсовремените трендови.

-Тоа е логично кога зборуваме за НАТО Армија, се разбира моето последно прашање беше колку чини сето тоа. Секогаш јас мислам дека оние два проценти се голема сума, секогаш размислувам за тие два проценти во други сфери и посакувам да нема потреба да се користи ова оружје. Тоа го посакувам и заради овие зад мене и заради пред мене и заради началникот посакувам свет во којшто или 2025 година во која мирот ќе биде главната опција, а нема да размислуваме за вооружување. Се разбира јас ги разбирам потребите, меѓутоа исто така прашав дали се ова донации или пак одвојуваме од буџетот. Она што е најважно не е всушност оружјето, туку повторно мислам луѓето зад мене и луѓето пред мене, изјави Силјановска-Давкова.

Посочи дека припадниците кои се дел од Вториот пешадиски баталјон извонредно ја имаат поминато евалуацијата во 2022 година.

– Знам дека оваа година е најважната пред новата евалуација во 2026 година. Но, од редовните контакти со началникот, со генералите јасно ми е дека подготовките се постојани, дека тие се во кондиција, дека тие се во тек со современите доктрини на војување, но дозволете ми како некој кој не сонувал дека ќе биде сведок на презентирање на вакво современо оружје, да кажам дека јас од секогаш сум била за мирот, секогаш сум давала предност на мирот и мислам дека е многу почовечки и многу поумно секогаш превентивно да се постапува, а кога ќе дојде до војна, тоа е веќе пораз на оние кои не смееле да доведат до тоа, рече Силјановска-Давкова.

Шефицата на државата додаде дека 2025-та е година кога ќе се слави 80 години од ООН, а како што рече Обединетите нации настанаа како еден базично, мировен концепт и тогаш сите се колнеа дека никогаш повеќе нема да дозволиме војна.

-Но, се соочуваме со војна и Европската унија настана како мировен концепт и нејзините основачи Шуман, Аденауер, Де Гаспери, Моне тогаш велеа дека таквата организација ќе обезбеди траен мир, она што денеска мене ме загрижува е што војуваат европски држави Украина и Русија. Значи се надевам дека 2025 година ќе биде година во којашто местото каде што треба да решаваат проблемите Њујорк, ООН навистина ќе биде искористено, изјави Силјановска- Давкова.

Претседателката Силјановска- Давкова денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски присуствуваа на презентација на подготвеноста на припадниците на Вториот пешадиски баталјон, имаа брифинг, како и празничен војнички ручек.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалничката Арсовска го посети првото родено бебе во 2025-та

Следно

Белгискиот министер за надворешни работи во посета на Туркије

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop