Во израелскиот геноцид се убиени 45.553 Палестинци во Појасот Газа

January 1, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 12 Палестинци се убиени во последните немилосрдни израелски напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на убиени од октомври 2023 година се зголеми на 45.553, соопшти првиот ден од Новата година Министерството за здравство на Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се додава дека 108.379 лица се повредени во тековните напади.

„Израелските сили убија 12 лица и раниле 41 лице во последните 48 часа“, соопшти Министерството за здравство.

Се истакнува дека голем број луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Израел ја продолжува геноцидната војна во Газа започната на 7 октомври 2023 година. Инфраструктурата на Газа е во голема мера уништена, а бројни жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачките тимови не можат да стигнат до нив.

Во ноември, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Новогодишната ноќ генерално помина мирно, 29 кривични дела, приведени 33 лица

Следно

Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop