Турскиот тек останува опција за Европа по прекинот на испораката на рускиот гас преку Украина

January 1, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на гас за Европа преку Украина, европските земји останаа со само Турскиот тек (TurkStream) преку кој можат да купуваат руски гас.

Турски тек е гасовод кој се протега од Русија до Туркије. Почнува од компресорската станица Рускаја во близина на Анапа во рускиот регион Краснодар, минувајќи низ Црното Море до терминалот за прием во Кијикој во северозападна Туркије.

Овој гасовод се состои од два крака во должина од 930 километри, кои се протегаат од Русија до Туркије преку Црното Море и посебен копнен крак во должина од 142 и 70 километри.

Првиот крак со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри е наменет за снабдување на домашните корисници во Туркије, додека преку вториот, со уште 15,75 милијарди кубни метри, се транспортира рускиот гас понатаму во југоисточна и централна Европа.

Турскиот тек официјално беше отворен на 8 јануари 2020 година, а неговата изградба започна во мај 2017 година.

Унгарија и Хрватска добиваат руски природен гас од 2021 година преку гасоводот Турски тек и понатаму преку националните системи за пренос на гас на Србија, Бугарија и Унгарија, кои го формираат гасоводот Балкански тек.

– Испораката на гас преку Украина е прекината

Газпром првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на природен гас за Европа преку Украина.

„Поради постојаното и експлицитно одбивање на украинската страна да ги продолжи договорите, Газпром е лишен од техничката и правната можност да испорачува гас преку територијата на Украина почнувајќи од 1 јануари 2025 година“, се вели во соопштението на Газпром на социјалната мрежа Телеграм.

Се истакнува дека се истечени договорите потпишани на 30 декември 2019 година меѓу Газпром и украинската енергетска компанија Нафтогас за транспорт на руски гас преку Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

Следно

Стотици илјади луѓе се собраа во Истанбул првиот ден од Нова година за поддршка на Палестина

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop