ИЈЗ: За Новата година намалете со месото, сармите и тортите, преиспитајте го и пијалокот

December 31, 2024
2 mins read

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци, физички активност, доволно сон и да не се користат пиротехнички средства. Да не се јаде сè на гозбите и забавите, е уште еден совет од експертите, како и јадење овошје, наместо грицки.

„Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци, не е лесно да се придржуваме до принципите на здрава и врамнотежена исхрана. Но, со внимателен избор на храна и умереност, можеме да уживаме во празниците, а и по празници, без дополнителни здравствени ризици“, наведуваат од ИЈЗ.

Изборот на храна, нагласуваат, почнува во продавница, со „паметно купување“.

„На пазарење е најдобро да одиме наспани и по квалитетен оброк. Тешко ќе одолееме на импулсивно купување, доколку сме гладни и по непроспиена ноќ, во такви ситуации ќе купуваме храна богата со шеќер, масти и сол и ќе бидеме склони кон донесување импулсивни одлуки. „Клучот“ за здрав режим на исхрана е во умереноста. Не јадете сè на гозбите и забавите. Јадете полека. Јадете блиску до вообичаеното време. Не прескокнувајте оброци за да јадете за време на гозбата или забавата. Така ќе е потешко да го контролирате шеќерот во крвта, ќе бидете навистина гладни и веројатно, вечерта ќе се прејадете. Одберете овошје наместо грицки. Намалете ја количината на шеќер и не претерувајте со чоколадото“, се само дел од советите.

Од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува пржена, висококалорична, мрсна и зачинета храна, а место таква, да се избере варена или храна печена во фурна.

„При изборот на месо, дадете приоритет на белото месо – пилешко, мисиркино, а ограничете ја употребата на црвено месо со видливи масти. Со месото задолжително подгответе доволно зеленчук и разни свежи салати. Рибата нека биде на празничната трпеза“, додаваат од Институтот.

Се препорачува избегнување сол, таа да се замени со црн бибер, луто, лимон, оцет, лук и други зачини.

„Преиспитајте го вашиот пијалак. Слатките пијалаци кријат „кисела вистина“. Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувате безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови на растворување, сирупи и така натаму. Редовно носете со себе вода во стаклено шише. Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол. Консумацијата на алкохол може да предизвика непосакувани состојби, а алкохолот е и многу калоричен. За лицата на возраст од 15 до 39 години, нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици. Водата нека биде ваш прв избор. Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус – арома. Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер. Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција“, се истакнува во соопштението.

Се нагласува и важноста од квалитетен ноќен сон.

„Намалениот сон, може да го отежне справувањето со шеќерот во крвта, а заради недоволното спиење, ќе ви се зголеми желбата за внес на храна богата со масти и шеќери. За да се заштитите од нерационален внес на храна, потрудете се навечер да спиете меѓу шест и осум часа. Одделете најмалку 30 до 45 минути дневно за пешачење“, се посочува во соопштението.

Се додава дека понесени од атмосферата, често, особено кај детската и адолесцентната популација, славењето е проследено со зголемена употреба на пиротехнички материјали.

„Употребата на пиротехнички материјали има сериозни негативни јавноздравствени последици. Повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти, во несреќи. Најзасегнати се децата, старите лица и лицата со респираторни или срцеви заболувања. Краткорочното изложување на нус-продукти од употреба на пиротехника, може да влоши некоја постоечка белодробна болест или да предизвика астматичен напад. Кај луѓето со срцеви заболувања, краткотрајната изложеност на чад од употребата на пиротехмички средства може да се поврзе со срцев удар и аритмии“, подвлекуваат од ИЈЗ.

Чадот од употребата на пиротехничките материјали, се нагласува, придонесува за загадувањето на воздухот.

„Не заборавајте, не страдаат само луѓето, страдаат и животните. Правилната исхрана, редовната физичка активност и давање приоритет на безбедноста наместо на пиротехниката, ќе нѝ помогнат во остварувањето на желбите што ќе ги посакаме за годината што доаѓа. Институтот за јавно здравје посакува среќна Нова 2025 година, среќни и здрави празници“, се додава во соопштението. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА!!!

Следно

Среќна Нова 2025 година!

Latest from Blog

Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во објава на Инстаграм од шаторот во Пионирски парк каде што седеше со „студенти кои сакаат да учат“ ја објави нивната победа. „Еве ме тука во Пионирски

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад

Легендата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло ќе работи за Мекларен

Најуспешниот претседател во историјата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, сега работи за Мекларен, иако станува збор за матичната компанија на тимот од Формула 1, „Мекларен Груп Холдингс Лимитед“. Лука, под чие водство

Мицкоски: По седум изгубени години – времето на Македонија допрва доаѓа!

По повод една година од владеењето на Владата, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео на својот фејбук-профил во кое вели дека по изгубените седум години, најдоброто доправа доаѓа.  Ви

Во Белград заврши литературното попладне одржано од студентите кои се противат на блокадите

Поддржувачите на властите во Србија се наоѓаат покрај шаторите поставени на платото пред зградата на Собранието каде одржаа литературното попладне организирано од Студенти 2.0 (Студентите кои се противат на блокадите). Во обраќање
Go toTop