ИЈЗ: Не јадете сè на гозбите и забавите, одберете овошје наместо грицки

December 31, 2024
2 mins read

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) попладнево советуваат за здрава исхрана за време на празниците, избегнување алкохол и засладени пијалаци, физички активност, доволно сон и да не се користат пиротехнички средства. Да не се јаде сè на гозбите и забавите, е уште еден совет од експертите, како и јадење овошје, наместо грицки.

– Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци, не е лесно да се придржуваме до принципите на здрава и врамнотежена исхрана. Но, со внимателен избор на храна и умереност, можеме да уживаме во празниците, а и по празници, без дополнителни здравствени ризици, наведуваат од ИЈЗ.

Изборот на храна, нагласуваат, почнува во продавница, со „паметно купување“.

– На пазарење е најдобро да одиме наспани и по квалитетен оброк. Тешко ќе одолееме на импулсивно купување, доколку сме гладни и по непроспиена ноќ, во такви ситуации ќе купуваме храна богата со шеќер, масти и сол и ќе бидеме склони кон донесување импулсивни одлуки. „Клучот“ за здрав режим на исхрана е во умереноста. Не јадете сè на гозбите и забавите. Јадете полека. Јадете блиску до вообичаеното време. Не прескокнувајте оброци за да јадете за време на гозбата или забавата. Така ќе е потешко да го контролирате шеќерот во крвта, ќе бидете навистина гладни и веројатно, вечерта ќе се прејадете. Одберете овошје наместо грицки. Намалете ја количината на шеќер и не претерувајте со чоколадото, се само дел од советите.

Од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува пржена, висококалорична, мрсна и зачинета храна, а место таква, да се избере варена или храна печена во фурна.

– При изборот на месо, дадете приоритет на белото месо – пилешко, мисиркино, а ограничете ја употребата на црвено месо со видливи масти. Со месото задолжително подгответе доволно зеленчук и разни свежи салати. Рибата нека биде на празничната трпеза, додаваат од Институтот.

Се препорачува избегнување сол, таа да се замени со црн бибер, луто, лимон, оцет, лук и други зачини.

– Преиспитајте го вашиот пијалак. Слатките пијалаци кријат „кисела вистина“. Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувате безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови на растворување, сирупи и така натаму. Редовно носете со себе вода во стаклено шише. Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол. Консумацијата на алкохол може да предизвика непосакувани состојби, а алкохолот е и многу калоричен. За лицата на возраст од 15 до 39 години, нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици. Водата нека биде ваш прв избор. Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус – арома. Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер. Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција, се истакнува во соопштението.

Се нагласува и важноста од квалитетен ноќен сон.

– Намалениот сон, може да го отежне справувањето со шеќерот во крвта, а заради недоволното спиење, ќе ви се зголеми желбата за внес на храна богата со масти и шеќери. За да се заштитите од нерационален внес на храна, потрудете се навечер да спиете меѓу шест и осум часа. Одделете најмалку 30 до 45 минути дневно за пешачење, се посочува во соопштението.

Се додава дека понесени од атмосферата, често, особено кај детската и адолесцентната популација, славењето е проследено со зголемена употреба на пиротехнички материјали.

– Употребата на пиротехнички материјали има сериозни негативни јавноздравствени последици. Повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти, во несреќи. Најзасегнати се децата, старите лица и лицата со респираторни или срцеви заболувања. Краткорочното изложување на нус-продукти од употреба на пиротехника, може да влоши некоја постоечка белодробна болест или да предизвика астматичен напад. Кај луѓето со срцеви заболувања, краткотрајната изложеност на чад од употребата на пиротехмички средства може да се поврзе со срцев удар и аритмии, подвлекуваат од ИЈЗ.

Чадот од употребата на пиротехничките материјали, се нагласува, придонесува за загадувањето на воздухот.

– Не заборавајте, не страдаат само луѓето, страдаат и животните. Правилната исхрана, редовната физичка активност и давање приоритет на безбедноста наместо на пиротехниката, ќе нѝ помогнат во остварувањето на желбите што ќе ги посакаме за годината што доаѓа. Институтот за јавно здравје посакува среќна Нова 2025 година, среќни и здрави празници, се додава во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ветија правда и нови работни места: Лидерите на ВРЕДИ за постигнувањата и предизвиците

Следно

Јужнокорејскиот авион летал 13 пати за 48 часа пред падот

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска: Европската банка за обнова и развој ја движи модернизацијата на земјата

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) останува најактивен меѓународен партнер на Северна Македонија во реализацијата на стратешки проекти од значење за граѓаните и економијата, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска –

Коњановски: „Секој тон од ‘Македонијо, во срце те носиме!’ е порака за љубов кон Македонија“

Со концерт исполнет со патриотски емоции и силни изведби, во Битола продолжи концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме!“. Настанот привлече голем број граѓани кои заедно со изведувачите ја славеа љубовта кон

Трамп: Зеленски и Путин се мразат толку многу што не можат да дишат, ќе морам јас да ги зближам

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја повтори својата подготвеност да воведе нови санкции врз Русија, но постави јасен услов – посилен одговор од европските земји и сојузниците од НАТО. Во разговор

Абецедарот од 1925 година – доказ за постоењето на македонското малцинство во Грција

Во 2025 година се навршуваат точно 100 години од печатењето на македонскиот буквар – Абецедарот, издаден во Атина во мај 1925 година под покровителство на Друштвото на народите. Иако никогаш не бил

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

Сателитскиот интернет провајдер „Старлинк“ на милијардерот Илон Маск објави на својата веб-страница денеска дека има прекин на услугата. -Моментално има прекин на услугата „Старлинк“. Нашиот тим истражува, се вели во соопштението на
Go toTop