Израелската армија продолжува со уривање на домовите и артилериско гранатирање низ Газа

December 31, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија продолжува да ги уништува домовите и да бомбардира неколку области низ Појасот Газа, јавува Анадолу.

Очевидци рекоа дека израелските сили разнеле неколку куќи и станбени згради во северниот град Беит Ханун.

Израелската артилерија ја гранатираше и населбата Тел ал-Хава во југозападниот град Газа, но сѐ уште нема информации за жртви.

Според очевидци, израелските сили отвориле оган врз населбите Ал-Сабра и Зејтун во јужните и југоисточните области на градот.

Во централниот дел на Појасот Газа вооружени хеликоптери отворија оган кон североисточните области на бегалскиот камп Нусејрат додека воените возила напредуваа кон северозападните области на кампот.

Според очевидци, силни експлозии се слушнале во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, од минирањето на куќи и згради од страна на израелската армија.

Израел уби повеќе од 45.500 луѓе во Газа по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври 2023 година и ја остави енклавата во урнатини.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата брутална војна против Палестинците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мисајловски: Во нашите вработените е силата на македонската одбрана и Армија

Следно

Аморим: Се бориме за опстанок во Премиер лигата

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop