Трагедија: Фудбалер почина на неговиот роденден

December 30, 2024
1 min read

Фудбалерот на северноирскиот прволигаш Клифтонвил, Мајкл Њубери, ненадејно почина денеска на неговиот 27. роденден.

„Фудбалскиот клуб Клифтонвил е во тага од веста за смртта на Мајкл Њубери. Упатуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите, како и до многуте соиграчи со кои играше во текот на неговата кариера и навивачите кои ќе бидат потресени и тажни во овие многу тешки моменти. Почивај во мир Њубс“, објави Клифтонвил.

Натпреварите во Премиер лигата на Северна Ирска меѓу Клифтонвил и Дунганон и поранешниот клуб на Њубери, Линфилд против Ларн, кои беа закажани за вечерва, се одложени.

Њубери, кој кариерата ја почна во младинската академија на англискиот прволигаш Њукасл, освои две титули во северноирската Премиер лига со Линфилд.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Расчистен случајот со оружјето пронајдено во Арачиново, лицето вчера уапсено на Блаце и спроведено во притвор

Следно

Кирјос за Ѓоковиќ: Брате, ти си најголемиот во историјата

Latest from Blog

Нови правила во Брисел – ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА ТУРКААТ „МЕМБЕРШИП-ЛАЈТ“

Европската комисија подготвува нов план за „постепена интеграција“, со кој на земјите-кандидати ќе им се овозможат економски придобивки пред тие официјално да влезат во ЕУ, пишува „Политико“. Целта на Брисел е да

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза

Драконски казни во САД: Осуммина се осудени на 450 години затвор за обид за убиство полицаец на протести

Поранешен резервист од американскиот морнарички корпус осуден е за обид за убиство на полицаец на 100 години затвор. Другите ќе отслужуваат казни од 30 до 70 години, според Министерството за правда. Минатата година,
Go toTop