Гаши за случајот Груби: Тоа е работа на органите на редот

December 30, 2024
2 mins read

Меѓуетничките односи во нашата држава се кревки уште од независноста на нашата држава и секогаш треба да се има големо внимание на тие теми. Јас сум голем поборник на идејата на зближување на нашите народи, на зацврстување на меѓуетничките односи, така треба сите заедно да работиме во таа насока, изјави вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши.

Прашан дали според него завршиле лошите сценарија кои се предвидуваат, Гаши во интервју за Канал 5, рече „со тоа што кажав дека се кревки, не може никогаш да кажете дека завршиле“.

За тоа дали има информација каде се наоѓа поранешниот вицепремиер Артан Груби, Гаши вели дека не се занимава со таа работа. – Се обидувам да се апстрахирам од дневна политика. Тоа е работа на органите на редот. Вчера видов една изјава на неговиот лидер дека тој знае и мислам дека треба набрзо да се повика, да се праша каде е и да се преземат мерки и да биде повикан и да дојде да одговара пред органите на редот, рече Гаши.

За тоа кој е виновен за бегството на Груби и каде треба да се лоцира одговорноста, тој рече дека „ако ни се случува неколку пати треба да видиме што се случува“. – За жал во трансферот на власта уште многу позиции ги држат луѓе кои припаѓаат на тие политички провиниенции, така кога ја имате информацијата, протекува, тогаш од политички аспект тоа не можете да го спречите. Ако има законски проблем, тогаш мислам дека треба да видиме, и власта треба да види каде е проблемот, да не се погрешило нешто и тие што погрешиле да одговараат, појасни Гаши.

За оставката која ДУИ ја бара од него, Гаши изјави дека не сака навистина да дебатира со нив. – Се обидувам да изградам еден модел на политичар кој зборува искрено и ги кажува работите такви како што се. Секој човек кој има барем основни познавања од правото ама и општи познавања, знае дека тоа е така. Кога не се понижува ништо со тоа што ја кажувате вистината, туку со тоа како некој ја оставил ситуацијата. Треба да се занимаваме со тоа зошто некој ја оставил во таа позиција, а не зошто јас сум кажал, рече Гаши.

Прашан дали е точно дека Коалицијата „Вреди“ направи притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги повлече измените во Законите за образование, Гаши појасни дека се разговарало. – Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „ВЛЕН“, тука е и ЗНАМ, во оваа релација, кога јас сум бил претседател и од моите информации што ги имам досега, не се заснова на притисоци, на реципрочни притисоци едни кон други, туку врз база на принципиелни разговори, врз база на аргументи. Се разговара за секое прашање, каде што е нормално да се подобри нешто, да се повлече, да се направи проценка се во насока на подобрување на законите. Нема никакви притисоци едни на други. Но, факт е дека се разговарало од наша страна и се увидело дека може да се поправат некои работи, појасни Гаши.

Прашан колкави се шансите во 2025 година да се случат уставните измени, Гаши рече дека во нивната предозборна програма тоа не било условот. – Тоа се спомна во неколку изјави, но во предизборната програма на Коалицијата „ВЛЕН“ не беше тој услов. Ние рековме ќе направиме напори што побргу да се направат измените. Тоа го правиме. Денеска како мнозинство имаме заеднички став околу тоа, се обидуваме да предизвикаме гаранции и мислиме дека така и ќе го озбезбедиме и процесот затоа ако ни се случи по уставни измени уште едно вето врз база на етнички и идинтетски прашања тоа може да го доведе процесот до ризик на продолжување на процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ, рече Гаши. Додаде дека очекува што побргу да се случат уставните измени, но, како што рече, сепак кажувам дека зависи од повеќе политички фактори.

Според него, не треба преку избори да се креира цело време нестабилност. Оваа политичка волја на граѓаните, како што рече, е многу јасна, а преку локални избори на некој начин ќе се провери, иако локални избори и парламентарни избори се различни начини на изјаснување на политичка волја. Смета дека е доволно ако има локални избори. – Оваа Влада, оваа програма како што е почнато, може да продолжи четири години да ја реализира и по четири години ќе видиме што ќе кажат граѓаните и ние сами ќе видиме што сме реализирале од тоа што сме го ветиле, рече Гаши.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски

Следно

Без промени на врвот на АТП листата, мал скок на Ивановски

Latest from Blog

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Тројца пациенти повредени во дискотеката во Кочани сè уште се надвор од државата, двајца се лекуваат во Турција и еден во Словенија, а втората група повредени на Пониква заминува од средина на

Слободна Палестина и Смрт за ИДФ (израелската армија) скандираа раперот Боб Вилан и публиката на фестивалот Гластонбери

СКОПЈЕ (АА) – Би-Би-Си објави предупредување на екранот кога раперот Боб Вилан ги предводеше скандирањата „Слободна Палестина“ и „Смрт за ИДФ“ на фестивалот Гластонбери што се одржува во Сомерсет, Велика Британија, известува

Затвореник од Идризово крадел во Куманово за време на викенд отсуство, кај него била пронајдена и дрога

На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се
Go toTop