Гвардиола направи список со посакувани засилувања

December 29, 2024
1 min read

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола направи список со посакувани нови засилувања. Стручњакот идентификувал пет фудбалери со кои ќе ја промени лошата ситуација кај „граѓаните“. Тимот е во кошмарна форма, со само 1 победа во последните 13 натпревари. Во моментов, англискиот шампион е на седмото место во Премиер лигата, далеку од врвот.

„Тајмс“ тврди дека Манчестер Сити веќе во јануари ќе се обиде да ангажира најмалку тројца од играчите кои ги бара Пеп. Инаку, целиот список е подготвен за следните два преодни рока. Ги вклучува следните имиња: Марк Гуехи (Кристал Палас), Џамал ​​Мусиала (Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Мартин Субименди (Реал Сосиедад) и Бруно Гимараеш (Њукасл).

За да го направи тоа, Сити ќе мора да направи некои тешки одлуки во претстојниот преоден рок, а целта на Пеп е да го освежи својот тим и да се справи со некои долготрајни повреди, како онаа на освојувачот на „Златната топка“ – Родри.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Авион на „Ер Канада“ се запали за време на слетување

Следно

Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ

Latest from Blog

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат
Go toTop