Гвардиола: Нема да се откажам, порано или подоцна ќе се вратиме

December 28, 2024
1 min read

Манчестер Сити е во невидена криза, но менаџерот Пеп Гвардиола останува уверен дека ќе ги врати насмевките на „Етихад“.

Тимот има само една победа во последните 13 натпревари.

-Нема да се откажам. Сакам да бидам тука и да се борам. Не сакам да го разочарам мојот штаб, клубот, навивачите, воопшто сите луѓе кои го сакаат Сити. Ќе се вратиме порано или подоцна. Она што се случува сега не тера да се потсетиме колку силни беа нашите резултати во минатото. Тоа ме тера да сфатам што сме постигнале тогаш во тие многу, многу години. Бевме неверојатно доследни, изјави Пеп во пресрет на гостувањето кај Лестер од Премиер лигата, кое во недела од 15:30 часот.

Според него, главната причина за проблемите сега е тоа што имаат многу повредени играчи.

-Во тој случај дозволувате благ пад на нивото на играта, но не очекувавме дека ќе биде толку голем. Но, сепак го гледам духот меѓу момците и начинот на кој тие тренираат. Тие се фокусирани на нивните задачи. Нашите успеси се должат на тоа што секогаш сме сметале дека постигнатото не е доволно. И ние продолжуваме да се обидуваме да одиме напред. Затоа освоивме еден куп титули. Натпревар на три дена, победи, победи, победи… И така долги месеци и години. Сега треба да го сториме истото, додаде Каталонецот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сообраќајот во зимски услови и по претежно суви коловози

Следно

За кулата на АЕК на Водно досега се потрошени 20 милиони евра!

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop