Германија отвора прв центар за пријавување на антимуслимански расизам

December 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија напролет ќе го отвори првиот центар за пријавување антимуслимански расизам во земјата, објавија германските медиуми, пренесува Анадолу.

Покраината Северна Рајна-Вестфалија, дом на над 1,7 милиони муслимани, ќе го основа центарот МЕДАР за документирање и пријавување напади и други кривични дела насочени кон муслиманите.

Центарот, кој ќе биде основан од државната влада, ќе следи и други расистички активности насочени кон странци кои не се муслимани, објави јавниот радиодифузен сервис ВДР.

Планиран да се отвори до март или април наредната 2025 година, МЕДАР е плод на тригодишни подготовки.

Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената германска покраина со над 18 милиони жители, ќе стане прва што ќе отвори посебен центар за пријавување на инциденти против муслиманите.

Во државата се случија повеќе напади врз муслимани и нивните места за богослужба. Во јануари 2022 година, голем број муслимански гробови во градот Изерлон беа вандализирани.

Во април 2022 година, Северна Рајна-Вестфалија го отвори и Истражувачкиот и информативниот центар за антисемитизам, чија цел е документирање на антисемитските инциденти низ целиот регион.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Деспотовски: Неточно е дека сум приведен

Следно

Турскиот министер Фидан оствари телефонски разговор со американскиот колега Блинкен

Latest from Blog

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

ФОТО:X screenshot Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop