Музичкиот Ансамбл од Тетово поканува на „Новогодишен концерт”

December 25, 2024
1 min read

НУ „Музички Ансамбал на Република Северна Македонија” – Тетово го најави Новогодишниот концерт, кој ќе се одржи на ден 28.12.2024 (сабота), со почеток во 19:00 часот, на сцената на Центарот за култура во Тетово. 

На завршниот концерт, во рамки на Годишната програма на НУ „Музички ансамбл на Република Северна Македонија” – Тетово, ќе бидат изведени најголемите поп хитови, од познати бендови и солисти како Стинг, Мајкл Бубле, Тина Тарнер, Андеа Бочели и многу други, во изведба на наши познати изведувачи, солистите: Фјола Ибраими, Леотрим Зејнула, Елита Зибери, Шпетим Мустафа и Вулнет Незири, пратени од професионален оркестар под диригентската палка на Премтим Етеми. 

НУ Музички ансамбл Тетово ги поканува љубителите на модерна музика на незаборавен музички настан во пресрет на празничната магија која ја носат новогодишните празници.

„Ги правиме последните подготовки за завршниот Новогодишен концерт. Внимателно избравме програма во која публиката ќе има можност да ужива во најпознатите музички хитови во изведба на наши домашни музички уметници и млади надежни таленти”, истакна ВД директорот Ардиан Исмаили. 

Ден претходно, во петок, 27.12.2024, во Државното музичко училиште Т.С Тетоец – Тетово, со почеток во 20:00 часот, Националната установа Музички ансамбл – Тетово организира „Концерт на млади таленти”, со цел да ги поддржи и промовира младите уметници кои постигнале значајни успеси на меѓународни натпревари. 

Младинскиот оркестар ќе биде предводен под диригентската палка на Агона Чупи, а уметнички раководител и координатор на проектот е познатиот професор и пианист Шклзен Бафтиари.

На програмата ќе бидат  изведени познати дела од композитори на класичната музика, а концертот треба да послужи како сцена, на која младите и перспективни уметници ќе ја покажат и докажат нивната уметничка умешност и виртуозност. 

За концертите влезот е бесплатен и истите се под покровителство на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата

Следно

Едно семејство заглавено на патот Вејце-Тетово – Касами на терен: Не излегувајте непотребно и без зимска опрема!

Latest from Blog

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни

Речиси 5.000 прекршоци преку „Сејф сити“ за една недела, изречени 288 забрани за возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно
Go toTop