Казна од 45 евра за непоседување на зимска опрема во возилата

December 25, 2024
1 min read

Во зимски услови кога сообраќајот поради наноси на снег е отежнат, возачите да не поаѓаат на пат без задолжителната зимска опрема – зимски гуми и ланци, додека пак брзината треба да биде прилагодена на моменталната ситуација на патот. Ова се вообичаените  препораките на АМСМ, Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта и ЦУК. 

Од Центарот за управување со кризи денеска информираат дека магистрален пат Крива Паланка-граничен премин Деве Баир  од 09:55 има забрана за тешки товарни возила поради  врнежи од снег. Истоа така тешко е прооден за теренски возила со зимска опрема, патниот правец Кратово – с.Близанци, с.Куново, с.Луково, с.Мушково, с.Нежилово до с.Каврак. Забранет е сообраќајот за тешки товарни возила и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.               

Возачите, кои тргнуваат на пат, треба да знаат дека од 15-ти ноември 2024 година стапи на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. 

„Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност“, пишува на веб страната на АМСМ.

Според законските одредби и Правилникот задолжителна зимска опрема, моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми треба да поседуваат зимски пневматици – гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4мм или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.

Моторните возила со погон на сите тркала (4х4) треба да поседуваат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или летни пневматици со минимална длабочина од 4мм доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина, во случај кога возилото има постојан погон на сите тркала или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.

Возилата кои имаат маса над 3.500 кг треба да имаат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6мм или доколку возилото има летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм, да поседува синџири за снег соодветни на големината на пневматиците. Автобусите и товарните возила кои не можат да постават синџири на тркалата задолжително треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала како и прирачен алат, информираат од АМСМ.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ковачки: МВР прави квалитативен исчекор во сузбивањето на криминалот и корупција

Следно

Музичкиот Ансамбл од Тетово поканува на „Новогодишен концерт”

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop