Петрушевски: Работата на Владата дава ефект кај граѓаните и работите се испорачуваат токму како што беа ветени

December 23, 2024
1 min read

На вечерашното гостување на Алфа Телевизија во емисијата „За или Против“ присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски, кој се осврна на резултатите од анкетата направена од страна на Маркет Вижн која гласаше дека мнозинството од граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата и од премиерот Мицкоски и потенцираше дека се реална слика на сето она што се случува во изминатиот период.

Петрушевски посочи дека Владата дава ефект кај граѓаните и дека чекор по чекор се испорачуваат работите токму така како што биле ветени, и дека е очигледна јасната визија и план во која насока ќе се движи државата.

„Мислам дека работата на Владата си дава ефект кај граѓаните, чекор по чекор мерка по мерка, решенија на проблеми, сега не можеме да очекуваме дека сите проблеми за 6 месеци можат да се решат, наталожени се многу проблеми овие 30 години и ќе треба многу време да се решаваат меѓутоа се испорачуваат работите онака како што е ветено се гледа јасна визија и план кај сака да иде државата и сето тоа ќе биде испорачано“, посочи Петрушевски.

Петрушевски објасни дека во врска со работата на ВМРО-ДПМНЕ никој не се сомнева туку граѓаните напротив очекуваат да се испорача сето она што било ветено и исто така нагласи дека во секојдневна комуникација со граѓаните очигледна е нивната поддршка и направи разлика во време на владеењето на СДС кога доаѓањето до било кој функционер било незамисливо.

„Тука никој не ни сомнева туку напротив очекува дека тоа што ВМРО го ветило ќе го испорача и затоа тука си е ситуацијата чиста и си има поддршка од граѓаните. Јас и лично секојдневно во комуникација со граѓаните не поддржуваат, браво за ова браво за она, имаат соодветна критика сето тоа се разумни нормални комуникации со луѓе кои што очекуваат нешто да се испорача. Кога било СДС незамисливо било да дојдат до некој функционер а камоли пак да си ги кажат своите грижи а впрочем сведоци сме сите дека буквално државата не само што не функционираше и стагнираше во тој период и немаше ништо суштинско за кое што може да се продискутира“, рече Петрушевски.

Петрушевски нагласи дека пратеничката група на СДС е немотивирана и во Собранието е невидлива, посочувајќи дека не може опозициски да се делува во Собранието доколку пратениците не се активни.

„СДС продолжува летаргично да функционира таму имаат сериозен внатрешен проблем, имаат пратеничка група која е составена од министри и бивши функционери која што се изолира од раководството на партијата па така има немотивирана пратеничка група која што во Собранието е невидлива. Не можеш опозициски да дејствуваш доколку во Собранието пратениците не ти се активни, сепак од тука мора да појде некоја политика, некоја активност а они имаат тотално демотивирана пратеничка група и таму не може да се види никаква активност“, објасни Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На неколку правци забрана за камиони – еве каква е состојбата на патиштата!

Следно

Сиријците во подрачјата разурнати од Асадовиот режим се надеваат на подобра иднина

Latest from Blog

Бројни турски медиуми ја пренесоа веста за обновата и надградбата на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“

Инвестицијата на ТАВ од 2,7 милиони евра привлече внимание кај турските медиуми, кои известуваат за модернизацијата на терминалот, зголемениот капацитет и растот на патничкиот сообраќај. Реконструкцијата и надградбата на аеродромот „Свети Апостол

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка
Go toTop