„Мали необични луѓе“ од хрватскиот писател Миро Гавран на македонски

December 23, 2024
1 min read

Деновиве, во превод на Стефан Марковски и Викторија Митрикеска – Марковска, „Современост“ ја објави збирката раскази „Мали необични луѓе“ од меѓународно познатиот хрватски писател, академик Миро Гавран.

Расказите се пишувани во периодот од 1979-та до 1999-та година, а се поделени во три циклуси на 220 страници: 1) Четири различни приказни; 2) Семејни приказни; и 3) Нови приказни.

Некои од расказите се наградени и вклучени во книжевни антологии и прегледи на хрватската литература, а според еден од нив, расказот „Мојот добар татко“ (од 1979-та г.) авторот напишал и драмски текст.

Миро Гавран (Горња Трнава, 03.05.1961) е хрватски драматург, романсиер и раскажувач. Неговите книги се преведени на 42 јазици и се објавени во над 250 изданија во Хрватска и во странство. Врз основа на неговите драми и комедии (досега вкупно 55) се одиграни над 400 театарски премиери ширум светот, со над четири милиони гледачи. Тој е единствениот жив драматург во Европа во чија чест има театарски фестивал, надвор од неговата родна земја, каде се изведуваат претстави по негови текстови, а кој е активен од 2003 година во Словачка, во Трнава, под името ГавранФест, од 2013 година во Полска, во Краков, од 2016 година во Чешка, во Прага, во 2019 година се одржува во Аугсбург (Германија), а во 2020 г. во Србија, во Белград.

Од 06.11.2021 година е претседател на Матица Хрватска.

Од 1993 година живее и работи како професионален писател. Неговите драми и раскази се застапени во бројни антологии во земјата и странство.

Станал редовен член на Руската академија на литературата на 22 април 2014 година, додека во мај истата година бил избран за придружен член на Хрватската академија на науките и уметностите во Загреб. Во ноември 2016 година станал член на Словенската академија за литература и уметност во Варна, а на 23 јуни 2022 година е прогласен за почесен академик на ХАЗУ БиХ.

Од мај 2024 година е редовен член на Хрватската академија на науките и уметностите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Литературен портрет на Васил Маневски ,,60 години творештво, 80 години живот”

Следно

Само во Охрид температурата во плус утрово, најстудено во Берово

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop