Осуммина загинати и 18 спасени откако се преврти глисер со мигранти во близина на грчкиот остров Родос

December 20, 2024
1 min read

Безживотните тела на осум лица биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, откако глисер со бегалци и мигранти се превртел во обид криумчарот да побегне од патролен брод, а лицата кои се превезувале паднале во море, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, спасени се 18 лица, а несреќата се случила кога оној кој управувал со глисерот изгубил контрола, откако со опасни маневри се обидел да побегне од патролен брод, што резултирало бегалците и мигрантите да паднат во море.

Спасувачката акција на службата е во тек со три патролни брода, а од воздух учествува хеликоптер на военото воздухопловство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Почитувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов за да се отвори европскиот пат на соседната земја

Следно

Погодена Амбасадата на Македонија во Киев во ракетен напад

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop