Нехамер: Австрија го разгледува статусот на сириските бегалци, илјада евра за враќање дома

December 20, 2024
1 min read

Австрија го разгледува статусот на сириските бегалци кои пристигнаа во земјата пред помалку од пет години, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер, по извештаите во медиумите дека некои бегалци биле информирани писмено дека „повеќе не мора да се плашат од политички прогон“ во Сирија.

„Австрија…сега го разгледува исполнувањето на условите за Сиријците кои се во земјата помалку од пет години“, објави Нехамер на платформата X.

Австрискиот закон им дозволува на властите да го одземат статусот на бегалец во некои случаи, во рок од пет години од неговото доделување.

Нехамер и неговата привремена влада појаснија дека фокусот првично ќе биде ставен на доброволните депортации, при што на оние кои доброволно ќе се јават да се вратат во Сирија ќе им бидат понудени 1.000 евра.

Австрија е меѓу десетиците европски земји кои ја прекинаа обработката на сириските барања за азил по падот на Асад.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје

Следно

Тошковски: Казната на полицаецот да биде памет за секој еден во иднина

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop