Даути повторно ја крена „рампата“ на законот за бранители, му поминал рокот

December 19, 2024
1 min read

Законот за бранители повторно ја стави на тест претседателката на комисијата за социјална политика Илире Даути која и денеска не можеше да продолжи со работа на комисијата откако опозициската СДСМ не направи отстапки и не дозволи продолжување на работата на комисијата додека пратениците не се изјаснат за потребата од носење на ова законско решение.

Расправата вообичаено почна со барањето на дневен ред да се стави точката по што Даути одби и за кратко време ја прекина седницата.

По прекинување на седницата во изјава за медиумите одговарајќи на новинарски прашања како ја коментира интерпелацијата која Левица ја поднесе против неа рече дека не ја сфаќа лично но и дека доколку пратениците и изгласаат недоверба ова ќе биде прв случај во историјата на Собранието каде се гласа интерпелација на претседател на едно од собраниските тела.

Интерпелацијата за Даути е една од петте  кои моментално се поднесени во Собрание, заедно со оние против министерот Меџити, заменик-министерот Исени, министерот Тошковски и министерот Стоилковиќ. Од кабинетот на Гаши пак до сега неколку пати посочија дека тие ќе бидат процесирани согласно законите и деловникот за работа.

Од Алијанса за Албанците на Села пак до сега неколку пати апелираа иницијаторите да ја повлечат интерпелацијата за Даути а пак таа посочи дека поважните законски решенија кои треба да се процесоираат во комисијата со која таа претседава веќе се распоредени и во други комисии за да може да се разгледуваат.

Во законодавниот дом во моментот се блокирани две комисии. Онаа за социјална политика но и онаа за надзор на работењето на АНБ поради немање сертификат  на претседателот Реџепи кој претседава со ова тело. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Самитот на Д-8 во Каиро, Ердоган побара ембарго на оружје, стопирање на трговијата и изолација на Израел

Следно

Годишна прес-конференција на Путин

Latest from Blog

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев

ВЛЕН: Македонија се поврзува со енергетските системи на регионот

Северна Македонија и официјално стана дел од вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа. Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим
Go toTop