Извештај ДЗСИ: Имало пропусти во третманот на седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника

December 19, 2024
1 min read

Низа пропусти повторно се утврдени на Детската клиника од страна на Здравствениот инспекторат поврзани со последниот смртен случај на седум месечно бебе. 

На клиниката се уште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, а за кое веќе се води прекршочна постапка. 

И понатаму медицинска документација се креира од  доктори кои не се присутни на работа за што и претходно беше издадено решение од инспекторатот. 

Констатирани се неправилности и при водењето на прием на итни пациенти, за што клиниката односно одговорното лице ќе треба да плати парична казна. 

Од инспекторатот ќе бараат од министерот за здравство да формира и посебна комисија која ќе изврши и стручен надзор врз начинот на кој било лекувано бебето. 

Ова е четврти смртен случај на детска клиника во изминативе неколку месеци.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Блискиот Исток се соочува со предизвици без преседан“, истакна египетскиот претседател Фатах ал Сиси

Следно

Петрова: Има реални можности Управата за јавни приходи да биде поддршка, а не бариера на компаниите

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop