Туркије фокусирана кон квантното компјутерство со планови за производство на чипови суперспроводници

December 19, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги откри амбициозните планови на Туркије за основање постројка за производство на чипови суперспроводници, што значи револуционерен скок во способностите за квантно компјутерство на земјата, јавува Анадолу.

Истакнувајќи ги плановите на церемонијата на доделувањето научни награди на Турската академија на науките (ТУБА) и Советот за научни и технолошки истражувања на Туркије (ТУБИТАК), која се одржа во главниот град Анкара, претседателот Ердоган ја нагласи стратегиската важност на квантните технологии во обликувањето на глобалната иднина.

„Со овој клучен напредок во квантнотото компјутерство имаме цел да ја позиционираме Туркије како клучен играч на глобалната сцена“, рече тој, нагласувајќи дека таквиот развој ја одразува решеноста на земјата да биде лидер во најсовремените технолошки полиња.

Планираниот објект за чипови суперспроводници ќе биде корисен во производството на процесори со високи перформанси неопходни за квантните компјутери од следната генерација.

„Нашата фабрика за производство на чипови суперспроводници ќе го отвори патот за развојот на квантни компјутери со поголем капацитет“, рече турскиот претседател.

Оваа иницијатива тој ја нарече трансформативен чекор, посочувајќи дека квантните компјутери може да решат многу сложени проблеми за неколку минути – предизвици за кои на конвенционалните суперкомпјутери ќе им требаат години.

„Цел на Туркије е да се приклучи во рангот на 15 земји што се во првите редови на квантното компјутерство“, рече тој, нагласувајќи го значењето на воспоставувањето инфраструктура неопходна за напредни истражувања и развој.

– Поттикнување на научната извонредност –

Турскиот претседател ја истакна посветеноста на Туркије за поттикнување на научните иновации, оддавајќи им почит на достигнувањата на 57 научници наградени на церемонијата.

Тој ја нагласи важноста од препознавање и охрабрување на научните таленти, со цел поттикнување на националниот напредок.

„Научниот напредок бара охрабрување и ценење“, рече тој, црпејќи инспирација од зборовите на познатиот научник Ибн Сина: „Науката и уметноста мигрираат од местата каде што не се ценети.“

Ердоган ги повика академските институции, истражувачите и приватните компании да соработуваат и да ги поместат напред границите на иновациите.

Исто така, тој истакна дека научниот напредок на Туркије е поддржан со значителни инвестиции во образованието, истражувачката инфраструктура и јавно-приватните партнерства.

– Туркије како светилник на регионалната стабилност и лидерство –

За време на обраќањето турскиот претседател се осврна и на растечкото геополитичко влијание на Туркије и нејзината одговорност да дејствува како стабилизирачка сила во турбулентниот регион.

„Случувањата во Сирија нѐ потсетуваат дека Туркије е поголема од самата Туркије“, рече тој, алудирајќи на улогата на земјата во справувањето со регионалните кризи и хуманитарните предизвици.

„Не може да го ограничиме нашиот хоризонт на 782.000 квадратни километри“, рече Ердоган. „Како што човек не може да избега од својата судбина, така Туркије и турската нација не може да избегаат или да се скријат од својата предодредена улога во историјата.“

Турскиот претседател ги истакна дипломатските, воените и хуманитарните напори на земјата како примери за лидерството на Туркије во справувањето со регионалните и глобалните предизвици.

На крајот од обраќањето Ердоган истакна дека силата на нацијата не лежи само во нејзиниот технолошки и научен напредок туку и во нејзината трајна посветеност на правдата, стабилноста и напредокот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во стампедо на ученички карневал во Југозападна Нигерија загинаа 32 деца

Следно

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Брисел

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop