Влен: Беџети уште еднаш ја демонстрира неспособноста на ДУИ да се дистанцира од своето криминално минато

December 18, 2024
1 min read

Од Влен велат дека Блерим Беџети уште еднаш ја демонстрира неспособноста на ДУИ да се дистанцира од своето криминално минато.

„Настапот на Блерим Беџети е доказ дека ДУИ останува партија која ја водат криминални интереси.

Наместо да понуди нова визија за опозицијата, Беџети продолжува со старите и компромитирачки политики.

Блерим Беџети, како наследник на политиката „а ла Артан“, го користи истиот реторички речник што го доведе ДУИ до меѓународна изолација. Наместо да покаже одговорност и да понуди конструктивни решенија, тој игра со опасни алузии кон криминални групи, што е неодговорно и неприфатливо.

Не треба да се заборави неговата лична историја. Беџети беше уапсен за време на средба со криминални кругови поврзани со незаконски активности, беше соработник и чувар на тефтерчињата на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Јавноста заслужува одговори за веќе јавно познатата трета телеграма на Никола Груевски, пратена од Будимпешта, која наводно, била адресирана и се однесувала токму на Блерим Беџети.

Прашањето што треба да го одговори Блерим Беџети е: што му должат на Груевски тој самиот, Али Ахмети, Бујар Османи и Талат Џафери? Без одговор на ова прашање на сите ни е јасна дилемата за сериозните сомнежи за нивните меѓусебни односи и улогата на ДУИ во мрачните политички  и криминални игри од минатото.

Денес, наместо да ја искористи шансата за политичка трансформација, тој продолжува со истите практики, кои го уништија кредибилитетот на ДУИ.

За ВЛЕН, ваквиот пристап е штетен за политичката сцена и општеството. Опозицијата треба да биде пример за транспарентност, морал и конструктивност, а не повторување на истите грешки што ја доведоа власта на ДУИ до крајот“, велат од ВЛЕН.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анализа на „Метаморфозис“: За парламентарните избори, мажите повеќе се рекламираат од жените

Следно

Коста на самитот ЕУ-Западен Балкан: Проширувањето е приоритет

Latest from Blog

Халанд само под еден услов може да дојде во Реал Мадрид

Според шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за неговото евентуално доаѓање во Реал Мадрид. А тоа не е ниту платата, ниту должината на договорот, ниту клаузулите. Станува збор за тренерот. Наводно,

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат
Go toTop