Коста на самитот ЕУ-Западен Балкан: Проширувањето е приоритет

December 18, 2024
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, истакна дека Самитот на Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан е многу важен поради три главни причини, од кои една е фактот дека проширувањето е приоритет, јавува Анадолу.

Поздравувајќи ги лидерите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, Коста рече дека останатите главни причини за важноста на овој самит се припадноста кон „европското семејство, го делиме континентот, но најмногу споделуваме заеднички вредности и заедничка историја“.

Тој истакна дека веќе се посветени на проширувањето и веруваат дека тоа е најважната инвестиција за мирот и безбедноста и „водиме постепена интеграција на земјите од Западен Балкан очекувајќи ги бенефитите за нивните граѓани“.

Како примери за овие конкретни бенефити Коста ги спомена безвизниот режим, продолжениот роаминг и поедноставните и побрзи начини за плаќање.​​​​​​​

Претседателот на Европскиот совет нагласи дека Западен Балкан во оваа деценија може значително да се трансформира преку Планот за раст.

На самитот присуствуваат премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Косово Вјоса Османи.

За време на Самитот, Коста, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставуваат Европската Унија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Влен: Беџети уште еднаш ја демонстрира неспособноста на ДУИ да се дистанцира од своето криминално минато

Следно

Министерот Тошковски во Анкара оствари средба со турскиот министер Јерликаја

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop