Бислимоски: Од 1 јануари за 0,92 отсто поскапува цената на електричната енергија за домаќинствата

December 18, 2024
2 mins read

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти. Во првиот блок зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа поскапува за 0,9 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). 

Согласно барањето на ЕВН хоум, како што рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, цената на електричната енергија за домаќинствата требаше да се зголеми за 4,4 проценти. 

-Ова ни е прва одлука во која што го искористивме  контролниот механизам во однос на определувањето на цената на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. ЕВН Хоум како универзален снабдувач до РКЕ достави на контрола и разгледување одлука на 5 декември оваа година. Согласно нивното барање цената за домаќинствата требаше да се зголеми за 4,4 проценти. Во најголем дел немавме разлики, а единствената разлика која постои меѓу тоа што сега го одобривме и тоа што го достави ЕВН е во однос на факторот на корекција  и за да обезбедуваме ценовна стабилност и цени кои ќе имаат минимално влијание врз вкупните трошоци за електрична енергија на граѓаните постапивме на овој начин. Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти, рече Бислимоски. 

Тоа, како што посочи, значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2.300 денари ќе има зголемен трошок од 21 денар. 

-Цената за електричната енергија кај домаќинствата се состои од два дела, едниот дел е енергија, другиот дел е мрежарина. Мрежарината за сите блокови е иста и сега изнесува 2,14 денари. За првиот блок цената на енергијата е 4,44 денари, а заедно со мрежарината е 6,58 денари за киловат час, а претходно изнесувала 6,53. Збирната цена за вториот блок е 7,71 денар, а претходно изнесувала 7,64 денари. Цената во третиот блок е 9,57, а претходно изнесувала 9,39 денари. Во четвртиот блок е 20,4 денари, а претходно изнесувала 20 денари. Цената на евтината тарифа изнесува 4,12 денари,  а претходно изнесувала 4,08 денари, појасни Бислимоски.

Потсети дека со претходната одлука РКЕ ја намали цената на мрежарината пред се во делот на дистрибуција.

-Тоа ни овозможи да имаме покомотна позиција кога ја носевме оваа одлука која што се однесува на универзалниот снабдувач. И покрај тоа што ЕСМ ја зголеми од 60 на 62 евра за мегават час цената по која ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум намалувањето на цената на мрежарината ни овозможи да ја донесеме оваа одлука, посочи Бислимоски.

Со новата одлука, како што прецизира, на универзалниот снабдувач, кон кого долгот изнесува околу 870 милиони денари, му се враќаат 65 милиони денари од долгот и дополнително му се враќаат уште 132 милиони денари од повеќе остварен приход.

-Долгот ќе се врати како што е предвидено со факторот на корекција и со нашиот тарифен систем, но тоа ќе го правиме чекор по чекор за да нема никакво влијание врз крајните потрошувачи, односно пред се кај домаќинствата. Секоја година ќе анализираме кога ќе доставуваат барање за цена и во зависност од приходите колку ќе ги остваруваат ќе враќаме дел од долгот. Очекувам дека за максимум 6-7 години ќе го порамниме долгот кај универзалниот снабдувач, рече Бислимоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО во Германија отвори команда за поддршка на Украина

Следно

Хаваи: Двајца загинати – авион удри во зграда

Latest from Blog

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави

Виолета Томовска осум часа била затрупана под урантините од скопскиот земјотрес, копала со раце за да се спаси

Виолета Томовска едвај останала жива за време на скопскиот земјотрес во 1963. Фолк дивата осум часа била затрупана во урнатините заедно со својот братучед, познатиот музичар диригент и композитор Љупчо Мирковски. Мирковски

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

ФОТО: FC Juventus/FB По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по
Go toTop