Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спортот со вклучување во аматерски спортски клубови

December 18, 2024
1 min read

Спортот како поправна мерка за малолетниците на возраст од 12 до 18 години, осудени за блага деликвенција ќе се користи во Грција, а децата ќе бидат вклучени во аматерски спортски клубови во Грција со цел нивна интеграција, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за иновативна мерка презентирана од надлежните грчки министри за спорт и правда, како дел од пакетот мерки што ги презема државата за справување со малолетничката деликвенција, а иницијативата веќе била спроведена на островот Крит и веќе шест деца биле вклучени во спортски тимови.

Заменик-министерот надлежен за спорт Јанис Вруцис за време на презентацијата на мерката рече дека е „историски ден“ и посочи дека „само спортот со својот педагошки карактер може да ги научи сите деца и новата генерација на вредности како што се дисциплина, почит, солидарност, соработка, лојалност, самопочит и посветеност на континуирано само-подобрување“ и додаде дека поправната мерка, првично пилотски ќе се спроведе во пет региони во земјата.

Министерот за правда на Грција Јоргос Флоридис објасни дека станува збор за три мерки што се однесуваат на малолетничката деликвенција.

Првата е дека судијата за малолетници може да изрече поправна мерка учество во спортски активности, втората е дека наскоро ќе биде потпишана министерска одлука со која ќе се организира рамка за спроведување на поправна мерка за учество во културни активности и особено во театарски групи, а третата мерка е општокорисна работа.

– Тука има еден убав пример: ако едно дете вандализира уметнички дела, најдобриот начин да го поправите и да го реинтегрирате во општеството е да го испратите да работи со конзерватори на уметнички дела. Односно, гневот на уништување да се претвори во позитивно дело. Да види како ги разубавуваме уметничките дела и ги одржуваме во живот и им овозможиме да бидат зачувани за во иднина, рече Флоридис.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕК започна постапка против ТикТок поради „изборни ризици“

Следно

Јорданов: Во интерес на граѓаните е секогаш потребно да имаме контролен механизам за она што го испорачуваме

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop