ЕК започна постапка против ТикТок поради „изборни ризици“

December 18, 2024
1 min read

Европската комисија отвори формална постапка против ТикТок под сомнеж за непочитување на обврските од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) за проценка и ублажување на системските ризици поврзани со изборниот интегритет, особено во контекст на претседателските избори во Романија одржани на 24 ноември. 

Во врска со ваквата одлука претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека ЕУ мора да ги заштити своите демократии од секаков вид странско мешање.  

– Секогаш кога се сомневаме во такво мешање, особено за време на избори, мораме да дејствуваме брзо и цврсто. По сериозните индикации дека странски актери се мешале во романските претседателски избори користејќи ТикТок, сега темелно истражуваме дали ТикТок го прекршил Законот за дигитални услуги со тоа што не успеал да се справи со таквите ризици. Треба да биде кристално јасно дека во ЕУ, сите онлајн платформи, вклучително и ТикТок, мора да одговараат, нагласи Фон дер Лајен. 

Според извршната потпретседателка на Европската комисија за технички суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, Европска Унија има одговорност да ги заштити своите демократски процеси од потенцијални манипулации и мешање.  

– Уверена сум дека нашата истрага за практиките на ТикТок ќе придонесе за побезбедна и подоверлива онлајн средина за сите граѓани на ЕУ и со нетрпение очекувам тесна соработка со ТикТок за да се решат сите грижи што може да се појават, додаде Виркунен. 

Како што најави ЕК, истрагата ќе се фокусира на справување со ризиците по изборите или граѓанскиот дискурс, поврзани со системот за препораки на ТикТок, со координирана неавтентична манипулација или автоматизирана злоупотреба на услугата, како и во врска за политиките на социјалната за политичко рекламирање и платена политичка содржина. 

– Доколку се докаже дека се сомнежите на Комисијата се точни, тоа би претставувало прекршување на членовите 34 став 1 и 2 и член 35 став 1 од ДСА. Комисијата сега ќе спроведе длабинска истрага како приоритетно прашање. Отворањето на формалната постапка не го прејудицира нејзиниот исход, се додава во соопштението на ЕК.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Измените на Законот за јавните набавки пред собраниската Комисија за финансирање и буџет

Следно

Малолетниците во Грција осудени за блага деликвенција ќе се интегрираат преку спортот со вклучување во аматерски спортски клубови

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop