Димна бомба фрлена во црногорскиот парламент, опозицијата обвинува за „уставен пуч“

December 17, 2024
1 min read

На денешната седница на Уставната комисија во црногорскиот Парламент, за време на расправата за избор на судии за Уставниот суд, беше фрлена димна бомба

На инцидентот му претходеше жестока дебата, за време на која опозицијата предводена од Демократската партија на социјалистите тврдеше дека станува збор за обид за уставен пуч и државен удар во Црна Гора по налог на претседателот на парламентот и лидерот на просрпската десница, Андрија Мандиќ.

– Со други зборови, суспензија на изборните процеси и блокирање на политичкиот систем, имајќи предвид дека најавеното пензионирањето на судиите на Уставниот суд е  кршење на законот и Уставот, изјави Андрија Николиќ, шеф на пратеничката група на ДПС.

Претседателката на Уставната комисија Јелена Божовиќ изјави дека, врз основа на одговорот на претседателката на Уставниот суд и податоците што ги доставила, тројца судии ги исполнуваат условите за пензија. „Со тоа, нивната функција престанува врз основа на Уставот“, рече Божовиќ на седницата на Уставната комисија.

Пратеничката на ДПС и членка на Одборот, Александра Вуковиќ Куч, истакна дека претседателката на Уставниот суд не е самата институција и порача дека нема да дозволи да се реализираат намерите што ги имаат.

Претходно, претседателот на Здружението на правници на Црна Гора, Бранислав Радуловиќ, предупреди дека, доколку Уставната комисија „експресно“ ги пензионира тројцата судии на Уставниот суд, може да дојде до блокада во функционирањето на политичкиот систем. Според него, тоа би го оневозможило одржувањето на локалните избори во Никшиќ, како и евентуално повторените избори во Подгорица или Будва.

– Сето ова може да биде предупредување дека не станува збор само за различно толкување на Законот за работни односи или Законот за пензиско и инвалидско осигурување, туку за ‘агенда’ што би можела да ја воведе Црна Гора во своевидна вонредна состојба, изјави Радуловиќ.

И покрај инцидентот со активирање димна бомба, седницата продолжи, а беа усвоени заклучоци да се распише оглас за избор на двајца судии на Уставниот суд, кои ги избира Собранието. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Следно

Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop