Кривичниот суд им одреди 30 дена притвор на Груби и Бајрами

December 17, 2024
1 min read

Од Кривичниот суд, пред малку соопштија дека е определена мерка притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами .

„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија да го прифати предлогот на јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165  став1, точки 1 и 2“. – велат од Кривичниот суд.

Со дипломатско возило на стопанственик и со албански пасош поранешниот вицепремиер Артан Груби ја преминал македонско-косовската граница, непосредно пред почетокот на полициската акција каде беше претресуван неговиот дом. Според информациите кои ги сподели премиерот Мицкоски, тој границата ја преминал со почесниот косовски конзул во Македонија – Арсим Папранику, кој исто така бил присутен во возилото. Папранику инаку е и бизнисмен кој е ко-сопственик на трговски центар во Скопје и сопственик на ланец продавници за бела техника во Косово, Македонија и Албанија. Сепак, Груби веќе бил на СТОП-листата и требало да биде спречен да ја напушти државата, потврдуваат од МВР за Канал 5.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шекил О’Нил: Стеф Кари ја уништи кошарката

Следно

Ликвидиран рускиот генерал Игор Кирилов

Latest from Blog

ПАДНА ПРВАТА ОСТАВКА – ШЕСТ ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА се свртеа против Стармер

Владата на британскиот премиер Кир Стармер се соочува со сериозна криза откако министерката за станбени прашања, заедници и локална самоуправа, Миата Фанбуле, поднесе оставка во вторникот. Овој потег доаѓа како директна последица

ЈКП „Комуналец“ го засилува темпото: Продолжуваат активностите за косење и уредување низ градот

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во делот на Градска Река, а од утре започнува и второто косење на Новите градски гробишта со дополнително ангажирана екипа косачи.

Интензивно се уредуваат зелените површини во Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Купувањето криптовалута може да звучи привлечно, особено за нови инвеститори што ги привлекува можноста за високи приноси и сè поголемата популарност на дигиталните средства. Токму затоа Binance Academy им помага на корисниците
Go toTop